Меси има двајца постари браќа од кои едниот бил мајстор за готвење и шеф на кујна, а другиот како што обично бидува, „црна овца“ и најпроблематичен лик во целото семејство кој бил осудуван за нелегално поседување оружје. Има и помала сестра која му го води сајтот.
Бен Вудборн е роден во старото градче Татенхол недалеку од Честер на 15. октомври 1999 година. Како јуниор преминал во Ливерпул и се запишал во школото Раинхил коешто е база на академијата на Црвените.
„Во првите седум кола истрчавте 114 км во просек. Ако до крајот трчате 118 км, ќе добиете плус четири дена одмор“, е еден од методите со кој Клоп ги мотивирал шампионите во Дортмунд. Претходно во Мајнц ги носел играчите на пиво после гостувањата.
Има 19 години а веќе беше шампион на Франција, Италија и скоро ќе биде во Германија. Играч е на Јувентус, кој го позајми на 2 години во Баерн Минхен без притоа да се заштити со вообичаената клаузула да не може да игра против нив.
Студен како киевска зима пред голманите, Шева ги освои срцата на милиони и милиони миланисти. Од едно селце со 390 жители стигна до врвот на Европа и Златната топка за најдобар стрелец на континентот.
Мирандес е екипа која важи за нагазна мина за фаворитите во шпанскиот Копа дел Реј. Со фантастичен фудбал добиваа аплаузи на Риазор, Ла Ромаледа, Санчез Писхуан и успешно се бореа на два фронта, во купот и првенството.
Еден од поважните моменти во историјата на модерниот фудбал се случи на денешен ден пред 17 години. Збунетиот Стиви дебитираше за Ливерпул, а понатаму се друго е историја.
Ливерпул во синоќешната трета рунда од Лига купот 47 пати шутираше кон голот на Карлајл, а од тие удари 18 беа упатени од шеснаесетник. Гостите имаа само 5 шута од кои само два во рамки на гол. Но тоа беше доволно да го стресат домаќинот и да му најават дека битката нема да заврши во 90 минути.
Малиот коефициент во кладилница за победа на Роналдо, се покажа дека на апсолутниот фаворит нема да му избега одбраната на „Златната топка“. Најголема поддршка доби од Европа и Африка.
Дека не играат фудбал само Меси и Роналдо, есенва во Европа покажаа и 20 играчи родени по 1993. година. Досега беа актери на големи натпревари и радарот на скаутите е свртен кон нив.
На 11 години Лионел прв пат стапнува во Каталонија, а од целиот свет Барселона е избрана само затоа што таму Меси има роднини. Значително поситен од сите останати, талентот на Меси го препознава само спортскиот директор на Барса, Карлос Рексач. Веднаш потпишува договор со малиот Меси, во ресторан на парче салфетка.
Босанскиот Србин кој беше откриен пред 9 години во парк во Флорида, ќе стане првиот Американец кој играл на финале од Лигата на шампиони. Ова е само фрагмент од неверојатната биографија на Невен Суботиќ.
World Soccer магазинот по 30-ти јубилеен пат ја доделија најстарата фудбалски награда и како што и се очекуваше, таа му припадна на Лионел Меси. Во интервју за магазинот тој се потсеќа на првиот контакт со топката, соработката со Виланова на 14 годишна возраст па се до начинот на исхрана.
На 14 декемви во 2000-та година на салфетка од ресторан на тениски клуб еден фудбалски клуб потпиша договор со 13-годишно дете. 12 години подоцна тоа дете е најдобриот фудбалер на планетата.
Ричард Фицпатрик во неговата книга „Ел Класико: Барселона - Реал Мадрид, најголемото фудбалско ривалство", ја раскажува приказната за развојот на Лионел Меси од мало плачливо дете до најдобар фудбалер на планетата.
Во третото коло од Лигата на шампиони, актуелниот шампион, екипата на Челси загуби на гостувањето кај Шахтјор, Јувентус само ремизираше со Нордсјеланд, а Барселона и Манчестер Јунајтед триумфираа со пресврт.
Вечерва стартува 21. издание на најелитното европско клупско натпреварување. 32 клубови од 17 земји ќе одиграат 125 натпревари и ќе се обидат да стигнат до финалето на Вембли и до трофејот кој во моментов е во сопственост на Челси.
Лигата на шампиони не е приватна забава на фудбалски гиганти со големи стадиони и богата историја. Тоа го докажа и поранешниот клуб на нашите Џевдет Шаиноски и Бајрам Фетаи, малиот дански клуб Нордсјеланд кој со добра организација и развој на млади фудбалери стигна до европската елита.
Иван Тричковски и неговиот тим АПОЕЛ ја изненадија Европа со пласманот во четврт-финалето од Лигата на шампиони, но изненадувањето е уште поголемо ако се знае дека успеаја тоа да го сторат со буџет од само 10 милиони евра.