Лео Меси е висок 169 сантиметри. Тој не беше отсекогаш толку висок. Кога пристигна во Барселона како 13-годишно детенце од Аргентина, тој беше висок 134 сантиметри, скоро 30 сантиметри понизок од просечната висина на момче на негови години.
Како дете, Меси бил дијагностициран со ретко нарушување на хормонот за раст. Ова нарушување се јавува кај еден во 20 милиони луѓе.
Третманот кој вклучува примање инјекции секој ден во период од три до пет години чини 100.000 фунти годишно. Меси почнал со лекувањето во 1998-та година, но неговото семејство не можело да ги покрие трошоците. Татко му работел во компанија за обработка на челик, а неговата мајка во работилница за магнети. По две години тие веќе ги имале потрошено парите од здравственото осигурување.
Тогашниот клуб на Меси, аргентинскиот Њуелс Олд Бојс понудиле да му ја плаќаат секоја втора инјекција, но откако почнале да доцнат со плаќањата, неговото семејство решава да го одведе на проба во Барселона.
Целото семејство го придружува Меси во Барселона, градот за кој што тие претходно не знаеле ништо и биле изненадени кога виделе дека е покрај море. По неколку месеци ги фатило носталгија, па мајка му и неговите двајца браќа и сестра решаваат да се вратат во родниот Росарио.
Со него останува татко му Жорге, а малиот Меси на моменти бил толку тажен што често се заклучувал во соба и плачел.
Меси е производ на познатата фудбалска академија „Ла Масиа" од генерацијата 1987-ма, заедно со Пике и Фабрегас. Кога започнал да се дружи со „големите" момци од првиот тим тој за малку ќе го изберел погрешниот пат. Многу често го придружувал Роналдињо во неговите познати луди екскурзии низ ноќните клубови на Барселона, но еден ден добил лекција.
„Имаш две опции. Ќе продолжиш да се забавуваш и ќе леташ од тука за неколку денови или ќе започнеш да јадеш нормално, ќе престанеш да пиеш алкохол, ќе си легнуваш рано и нема да доцниш на тренинзи. Само така можеш да станеш најдобар на светот!", бил лекцијата од Пеп Гвардиола кој во тој момент беше тренер на Б тимот на Барселона.
Очигледно Меси ја одбрал вистинската опција.