Меси прогласен за фудбалер на годината

Лионел Меси го доби признанието за најдобар фудбалер на годината во изборот на World Soccer магазинот кои по 30-ти јубилеен пат ја доделија најстарата фудбалски награда.

Првата награда на World Soccer магазинот во 1982-та година му беше доделена на Паоло Роси, а оваа година тие по 30-ти пат ги доделија признанијата за најдобриот фудбалер, тренер и тим. Со тоа ова признание е најстарата фудбалска награда која се доделува во светот на фудбалот.

Наградите се доделија со гласање од читателите и жири составено од играчи, тренери и фудбалски работници од целиот свет.

Од Македонија гласаше новинарот Милорад Стојмановски кој своите гласови ги даде за Меси, Дел Боске и Реал Мадрид.

Првото место со 47,33% од гласовите го освои Лионел Меси, а втор е Кристијано Роналдо со 19%. Следат Андрес Иниеста со 9,77%, Андреа Пирло со 9,77 и Радамел Фалкао со 5,95% од гласовите.

За најдобар тренер е прогласен селекторот на Шпанија, Висенте Дел Боске кој освои 28,49% од гласовите. Втор е Жозе Мурињо со 12,27% и Роберто Ди Матео со 12% од гласовите.

Репрезентацијата на Шпанија е прогласена за најдобар тим на 2012 со 47,36% гласови, пред репрезентацијата на Замбија со 8,52% и екипата на Челси со 7,84% од гласовите.

Гласачите го избраа и најдобриот тим на 2012-та година кој е составен од Касиљас, Лам, Рамос, Компани, Алба, Иниеста, Пирло, Чави, Роналдо, Меси и Фалкао.

14 декември 2012 - 11:41