Фудбалскиот клуб Анжер се бори против испаѓање од француската втора лига. Моментално е на 15-та позиција со само 4 поени над опасната зона. На клубот очајно му требаат засилувања и донесе неколку играчи на проба, а помеѓу нив е и Лионел Меси.
Малиот клуб од западна Франција на својата вебстрана објави имиња на 12 фудбалери кои во моментов се на проба во клубот, а едно од тие имиња е и Меси Лионел. Сепак не се работи за Аргентинецот од Барселона, туку за член на камерунската репрезентација за фудбалери до 17 години.
Француските медиуми единствено дознаа дека тој е роден во 1995-та година кога Аргентинецот веќе имал 8 години. Се уште не е познато дали тој го имал тоа име уште од раѓањето или пак го сменил неодамна, но ако тој потпише со Анжер, тогаш тоа ќе биде одличен маркетиншки потег за клубот.