Која е твојата прва фудбалска меморија?
Моите први сеќавања се некаде од три-четири годишна возраст кога си играв со топка во моето маало. Таа слика и сега ја имам пред очите.
Дали учеше како да ги избегнуваш непријатните фаули, како на пример лизгалките стартови?
Од секогаш го имам истиот стил на игра и навистина никогаш не сум се плашел од грубите фаули врз мене.
Какви беа првите неколку недели на почетокот во Барселона, имаше позитивни или негативни моменти?
И од двете по малку. Многу сум среќен што живеам во Барселона и што се стекнав со новите животни искуства. Од друга страна, беше навистина тешко да бидам далеку од пријателите. Тоа беше нов почеток, нови тренери-учители, нови познанства. Почетокот ми беше тежок затоа што не можев да играм поради две причини. Бев повреден, но имав и проблеми со документите.
Кој беше твојот идол?
Од секогаш сум го обожавал Пабло Аимар. Тој дојде од Ривер Плејт и постојано го следев.
Се шегуваа ли луѓето со тебе поради твојата висина?
Не, никогаш не сум имал проблеми со луѓето. Отсекогаш бев најниското дете на училиште, но и во тимот.
До твојата 14 годишна возраст, додека беше под закрила на Тито Виланова не беше стартер во тимот. Помисли ли некогаш да се откажеш?
Не, никогаш. Отсекогаш помислував на тренинг и напорна работа, како и на остварување на моите соништа. Имав среќа затоа што со доаѓањето на Тито почнав почесто да играм и од тогаш мојата кариера во младинскиот тим одеше во нагорна линија.
Дали Тито Виланова беше ист каков што е сега?
Тој е истата личност која не тренираше во кадетскиот тим. Тогаш бев мал и не се сеќавам многу, но можам да кажам дека сега не третира исто како и тогаш.
Дали твојот стил на игра е резултат на тоа што го научи во Барселона?
Мојот стил на игра е од секогаш ист. Никогаш не сум се обидел да го менувам. Уште од многу млад го практикувам овој начин на игра, а тоа се должи најмногу на моите мигови минати во младинскиот погон на Барселона. Тука на тренинзите научив постојан контакт и движење со топката, како и работа на тактички план. Во Аргентина не се работеше така, повеќето од тренингот со трчање.
Во Барселона повторно се сретна со Фабрегас со кого играше и во младиот тим. Имате ли некое посебно комуницирање на теренот со оглед на тоа што заедно растевте во Барселона?
Одлично се знаеме со Цеск и многу добро се разбираме на терен. Се него е лесно да се игра затоа што му го познавам стилот, а исто така одлично соработуваме и на тренинзите.
Кога дебитираше во првиот тим на Барселона, Фабио Капело те нарече “малиот ѓавол“...
Беше неверојатно да се слушне такво нешто од него. Капело е искусен тренер кој има освоено многу трофеи и морам да признаам дека е убаво што доживеав таков комплимент од него.
Кога требаше да дебитираш во шпанското првенство имаше проблем и со пасошот...
Тоа ми претставување навистина голем проблем, но за среќа се реши брзо. Имав можност да играм во прв тим, но потоа не ми дозволија. Не можев да разберам зошто не можам да настапам.
Зошто мислиш дека Деко и Роналдињо те земаа под своја закрила?
Искрено не знам. Уште од стартот јас бев среќен што ги имав нив двајца покрај мене и за тоа ќе им бидам вечно благодарен, но исто така и на Тијаго Мота и Силвињо.
Вообичаено многу внимаваш на твојата диета. Има ли нешто што не смееш да јадеш?
Имаше многу приказни за мојата диета, но промените не се толку големи како што зборуваат луѓето. Отсекогаш се хранам на ист начин, па дури и сега јадам некои работи што претходно не сум ги консумирал, како на пример риба.
Како се носиш со притисокот со оглед на твојата важна улога во фудбалот? Самокритичен ли си?
Да и тоа многу. Знам кога сум направил корисен потег на теренот, а многу добро сум свесен и кога грешам, тоа не треба никој да ми го каже.
Велат дека кога ќе загубиш натпревар, па дури и на тренинг, најдобро е никој да не се обиде да зборува со тебе. Навистина ли така се однесуваш по поразите?
Тоа е исто и со другите фудбалери. Тешко ги поднесуваме поразите и секогаш сакаме да победуваме. Тоа според мене е добро затоа што нашиот “глад“ за успех не престанува.
Од неодамна за прв пат стана татко. Што ако се случи твојот син да стане навивач на Ривер Плејт или Розарио Централ?
Мислам дека тоа нема никогаш да се случи
Посакуваш ли и тој да стане фудбалер?
Сакам да стане тоа што тој го посакува. Кога ќе расте самиот ќе почувствува што сака да биде во животот. Секако дека јас како родител ќе бидам горд на тоа, а исто така и неговата мајка.