Во секоја земја на која ќе фрлат око, прво треба да се вооружат "голораките бунтовници" кои се борат против омразениот диктатор. Потоа преку медиумите треба на светот да му се каже кој е диктаторот. Тој секогаш е див ѕвер кој има една жена ама и 30 љубовници. Јаде мали деца за десерт. На Си-ен-ен или на некој друг Ен можеме да видиме ковчиња од јадните дечиња кои монструмот ги исплукал од својата муцка. Тоа не е сè...
Историјата се повторува, напиша Маркс, прв пат како трагедија, втор пат како фарса. Свеж доказ за оваа тажна вистина е следнава: Марксистичката интернет архива ги брише сите текстови на својот сајт кои се преземени од 50-томните собрани дела на Маркс на британскиот издавач Lawrence&Wishart.
За Реџепи и Нома пишувавме вчера, а и пред некое време. Она за што немаме пишувано е искуството во Нома, а тоа изгледа вака: гостите ги пречекува парада од 20 мали оброци, од кои најголемиот дел нема да личат на ништо препознатливо. Ова задоволство ќе ве чини 296 долари по човек, а виното кое би го добиле со ова ќе биде дополнителни 185 долари.
За тие што не ги читаат статиите под нет-рулет, Доналд Стерлинг е сопственикот на Клиперси кој е снимен како на својата девојка и кажува "веќе да не му носи црнци на натпревари и да не се слика со нив." Ова предизвика невиден скандал (за кој се изјасни и Обама), кој заврши со тоа што Стерлинг е казнет со 2,5 милиони долари и бркање од НБА. Пресметковно, Стерлинг е жив ќар од ова.
Режисерот на X-Men и The Usual Suspects, Брајан Сингер, е во центарот на аферата која открива како моќни холивудски фаци користат млади, некогаш и малолетни момчиња за свои сексуални ќеифи. А на овие дружењето со големците им личи на почеток на остарување на нивниот сон, кој често завршува како кошмар.
Моментално физичката подготвеност на човештвото е толку драматично падната што дури и на најсилните меѓу нас, античките луѓе би им изгледале како чудовишта. И за сето ова е виновно земјоделството.
На листата Руси што се најдоа под санкции на САД, се издвојува името на Генадиј Тимченко, човекот кој е делумен сопственик на компанијата Гунвор Груп (4-ти по големина трговец со нафта во светот и која во 2013-та имаше приходи од 90 милијарди долари). Се верува дека ова е човекот што ги пази парите на Путин во фирмата.
За време на велигденскиот викенд (сабота, недела, понеделник) на улиците на Чикаго биле застрелани вкупно 45 луѓе, од нив 6 деца. Не како дел од масакр, туку редовни престрелки меѓу банди и криминалци. Chiraq = Chicago + Iraq.
Шерпас во просек заработува по 125 долари од искачување со легален товар (околу 9 килограми), и тоа ова е просечен, ниту добар, ниту лош шерпас, а тоа што го имаш него не значи дека не треба да земеш и водич низ планината. И тука има од – до цена.
Анализата е на тема колку често паровите имаат секс. Резултатите ќе извадат бројки за кои жените веројатно се свесни, а мажите ќе бидат упорни дека тие не важат за нив.
Помогнати од технологии како меил и видео-разговори, начинот на кој што го организираме животот и ги структурираме компаниите (посебно состаноците) почна да троши спектакуларни количества време, барем така тврди студија објавена во Харвард Бизнис Ривју.
До жените, стрпете се, ова со брадиве ќе потрае уште кратко време, ама после пак сите ќе фатат бричовите во рака. До мажите, тоа што имате брада во моментов воопшто не ве прави уникатни, сите имаат, дури и банкари.
Кременадлата е боговско парче месо, честопати подобра и од поскапите делови на благородното животно свињата. Коска, месо и мрсно, хармоничен триумвират на кој тешко му се одолева. Кременадлата е едноставна за подготувавње како хаику. Ама можеш уште полесно да ја утнеш работата па таа да испадне или ѓон или ѓон. Еве на што најчесто се греши.
Во изминатите 3 дена австралиската и кинеската морнарица успеаа да фатат сигнали од црната кутија на исчезнатитот малезиски авион. Сега има проблем кога сфатија од колку длабоко доаѓа сигналот.
Во политиката има три главни фактори што влијаат на донесувањето на политичките одлуки: колективното мислење на просечниот граѓанин, колективното мислење на богатите, лобијата и групите на интерес. Забелешка: сите три не се подеднакво важни.
Во изминатите 30 години трошокот на богатите за образование е зголемен за речиси 2 пати. Во истиот период сиромашните ја имаат истата грижа ама на тема кирија.
Уругвајскиот претседател Хосе Мухика има репутација на скромност и штедливост која до сега не беше надмината од ниту еден друг светски лидер. Тоа е се додека на власт во Непал не дојде нов премиер. Не е трка, природно им доаѓа да бидат скромни.
Млад дечко ѝ докажа на целата американска федерална и државна администрација дека може да заштеди неколку стотина милиони долари само што ќе го смени фонтот на официјалните хартии што ги издава.
Не многу туку безобразно многу руски пари има во британската престолнина. Толкава количина не може да биде игнорирана кога се формулира политиката кон Путин.
Како пандан на американскиот Пулицер, Европа пред две години ја воспоставува новинарската награда European Press Prize. Во конкуренција од 400 новинари, угледното жири годинешната награда му ја доделува на хрватскиот колумнист Борис Дежуловиќ, еден од ретките живи генијалци од просторите на екс Југославија. На вечните и помалку досадни теми на балканското живуркање, Дежуловиќ и во ова интервју има брилијантно свежи и отрезнувачки одговори.
Турција, поточно Ердоган, вчера вечерта одлучи да го блокира Твитер на државно ниво. Денес Гардијан објави дека од почетокот на забраната Турците имаат пуштено околу 2,5 милиони твитови, што е нов рекорд за земјата.