Интересна ми е оваа фрка околу Украина. Првпат во 20 години да видам како Америте се снебиваат. Кога ќе напишам Амери, мислам на американските трговци со оружје кои заработуваат палејќи сè од што би можеле да извлечат пари, нафта, моќ. Нивното ширење на демократијата веќе е предвидливо.
Во секоја земја на која ќе фрлат око, прво треба да се вооружат "голораките бунтовници" кои се борат против омразениот диктатор. Потоа преку медиумите треба на светот да му се каже кој е диктаторот. Тој секогаш е див ѕвер кој има една жена ама и 30 љубовници. Јаде мали деца за десерт. На Си-ен-ен или на некој друг Ен можеме да видиме ковчиња од јадните дечиња кои монструмот ги исплукал од својата муцка.
Тоа не е сè. Претставници на "загрозениот народ," по правило расплачени жени, на непознат јазик, секогаш преведено, во микрофони на НАТО урлаат што им прави диктаторот. Во позадина, илјада сирачиња се обидуваат да избегаат од диктатурата која наскоро ќе ги претвори во демократски прав и пепел. Југославија, Афганистан, Ирак, Либија...
Во Сирија одеше малку потешко. Чудно. Ако некој е злотвор, тогаш тоа е Асад. Проверен човекојадец и мачител. Хрватите толку ги погоди ситуацијата во Сирија што таму пратија оружје. Кога ќе напишам "Хрвати", мислам на нашите политичари кои за 1.000 евра се спремни да убијат 1.000 деца онаму каде што ќе им каже НАТО. Мислите дека 1.000 евра се малку? Во "нашата" земја, газовите на "нашите" политичари не се скапа стока.
Украина. Старо сценарио. "Голораки бунтовници" тргнаа да го срушат легално избраниот претседател на држава. Благодарејќи на нашите портали и останатите медиуми, дознавме дека човекот немал многу вкус, цела резиденција му била во злато, сосе веце шољата. Таков ентериер заслужил Америте да го преобликуваат.
Затоа американската помошничка на некојси министер тргна на главниот украински плоштад да им дели топли напитоци на "голораките бунтовници", колку да соберат сила да го обесат претседателот на државата на некоја кука и со тоа на светот да му испратат порака што им се случува на диктаторите кога немаат истенчен вкус.
На Гадафи му направија царски рез бидејќи кон жените не се однесувал како господин. А сакал и нафтата да ја наплати. Денес во Ирак владее мирот и доброто. Мирот и доброто царуваат и во Афганистан. И во Либија. Доброто се чувствува и на Косово. За другите суверени држави кои настанаа со распаѓање на Југославија и да не зборуваме.
Украина. Колку малку и фалеше да се демократизира. За влакно. А после се вмеша Путин. Перверзњак кој сака млади девојки, риболов, лов на тигри и Украина. Кери, американскиот државен секретар, најголемиот борец за светска правдина излезе од кожа и заурла: "Територијата на НАТО е неповредива!" Територијата на НАТО? Што е територија на НАТО? Тоа е секоја територија која "голораките бунтовници' мораат да ги ослободат од претседателот, милиони луѓе, нафта и останатото што расте под и над земја. Украина е најновата територија на НАТО.
Путин не дава. Тој мисли дека Украина е негова територија. Затоа на лудакот Америте му увалија санкции а моментално апелираат "во земјите на НАТО да не се намалуваат воените буџети". Преведено на нашки, хрватските мајки нема да добиваат породилна надокнада бидејќи секоја хрватска куна треба да биде вложена во убивање на украински деца. Можеме ние Хрватите на Путин и санкции да му опнеме. Да ги одземеме сите руски вили во Опатија и да ги претвориме во бордели за американските и останатите НАТО борци за демократија.
Не сакам јас војна ама од Американците ми е пун курац. И од Германците. И од Французите и Британците. И од Хрватите. Пун ми е курац од сите оние кои ширум светот би убивале туѓи деца за на своите да им купуваат јахти. Ни Путин не е подобар? Не е, ама мене, ете, ме весели тоа што во оваа приказна, "голораките бунтовници" веќе на стартот до темели не ја демократизираа Украина.