Групата Е е уникатна по тоа што во неа играат дури три земји соседи една со друга. Има еден изразит фаворит но историјата на Европски првенства покажува дека не секогаш фаворитите излегуваат како победници во група.
Групата Ц е онаа во која како и во група Б секој секого може да победи. Англија е изразит фаворит кој како актуелен вицешампион и фаворит број 1 за освојување на Европското не би требала да има турбуленции со ривалите во група. Но...
Британецот Гус кој во ноември 2022-ра година објави фотографија со пива од сите репрезентации учеснички на Мундијалот во Катар, сега го повтори подвигот со Европско 2024. Гус објавил фотографија на Твитер насловена како Евро 2024. 24 земји. 24 пива.
Селекторите на Хрватска и Србија заработуваат повеќе годишно од селекторите на Данска, Шпанија, Унгарија и многу други. Вили Сањол направи чудо со Грузија но остана на дно по заработки од селекторите на Евро 2024.
Домаќинот на ЕП, Германија и Украина одиграа пријателска без голови. Додуше Украинците беа печени да поведат и имаа празен гол кој им го овозможи Ноер. Ама чекај да видите како заврши нивната акција поради авантуристичкиот излет на Ноер.
Германскиот гигант Борусија Дортмунд која во сабота вечер против Реал Мадрид ќе игра во финалето на Лига на шампиони, потпишал договор за спонзорство со германската фабрика за производство на оружје Rheinmetall.
26 годишниот Дмитро Горига е новото име на РК Вардар за следната сезона, кој ќе игра на позицијата лев бек. Пристигнува од Катар, а има играно и во Франција, Полска и Украина. Погледнете ја оваа бомба со моќен удар против Хрватска на Европското 2022.
Европското фудбалско првенство 2024 започнува за помалку од еден месец а отворањето ќе биде на „Алијанц Арена“ во Минхен. Германците педантно ги уредуваат сите постоечки места на одигрување (10 стадиони) и за очекување е едно од најдобрите европски организирани некогаш.
Кралската фудбалска федерација на Холандија драконски го казнила Витезе со одземање 18 бодови во актуелната сезона. Одлуката е донесена во петок вечер поради што познатиот холандски клуб и математички испаѓа во втора лига.
Украинскиот репрезентативен голман е играч на мечот Манчестер Сити - Реал Мадрид кој заврши со славје на „кралевите“ по триумфот на пенали. Лунин имаше осум одбрани во регуларно време и два одбранети пенали.
Славниот Пјерлуиџи Колина во фудбалот е ангажиран како неплатен консултант на Италијанската фудбалска асоцијација на судии, шеф на судиите на Фудбалската федерација на Украина, член на комитетот за судии во УЕФА и претседател на комитетот за судии во ФИФА. Се обиде да донесе едно револуционерно правило, ама не му успеа. Ако му поминеше, на таквите ко Пепе или ќе им дојдеше памет или ќе одеа на ладење подолго време.
Фудбалерот на Галатасарај кој играше уште и за Ленс, Тулуз, ПСЖ, Тотенхем, Виљареал и Нотингем Форест, се огласил по повод интервјуто на украинскиот фудбалер Александар Зинченко за БиБиСи каде „јуначки“ од луксузниот дом во Лондон најавува дека ќе одел на фронт ако го мобилизираат.
Во руската јавност трае неколкумесечна дебата околу тоа треба ли спортистите од најголемата земја на светот да спуштат глава и да ги прифатат дискриминаторските услови од Меѓународниот Олимписки комитет кој кажува кој од нив ќе дојде, кој смее а кој не смее и тоа сите без руско знаме, без руска химна, без руски грб.
Арјен Робен, ведетата на Баерн Минхен и легендарен холандски фудбалер еднаш тешко се повреди откако тргна да слави гол со лизгање на коленици. Оштетил и лигаменти и што уште не попатно. Од тогаш апелираше до сите фудбалери да избегнуваат да ги слават головите на тој начин.
Грузија ја испиша историјата, истата која ја испишавме ние против нив на нивен терен пред 4 одини. Во бараж финалето од Лига на нации, после тешка 120 минутна битка без голови, ја совладаа Грција на пенали. Ова е таа борба која ја отсликува желбата да се израдува нацијата и да се биде на иста сцена со најголемите.
После осум квалификациски обиди и уште два преку Лига на нации, Грузија успеа за прв пат по осамостојувањето да влезе во најелитното европско фудбалско друштво откако во бараж финалето од Лига на нации на пенали ја совлада Грција.
Селекцијата на Грузија го слави првиот историски пласман на ЕП откако на пенали го елиминираше европскиот првак Грција од 2004. На ист начин визата ја чекираше и Полска против Велс, а Украина тоа го заврши за 90 минути со победа од 2:1.
Мошне убедливи резултати донесоа синоќешните полуфинални дуели од баражот за пласман на Евро 2024. Грција го растури Казахстан со 5-0 и се избори за финален дуел за пласман на големиот собир во Германија, а Украина направи неверојатен пресврт на гости кај Босна и Херцеговина.
Легендарниот Андриј Шевченко вчера беше во Скопје. Фаца е дечкото, нема што, ќе се потсетиме малку на него. Иако еднаш го раскрварија на Градски, па се налути и си отиде. Има и видео од тоа.