Орие му порача нешто на Зинченко

Фудбалерот на Галатасарај кој играше уште и за Ленс, Тулуз, ПСЖ, Тотенхем, Виљареал и Нотингем Форест, се огласил по повод интервјуто на украинскиот фудбалер Александар Зинченко за БиБиСи каде „јуначки“ од луксузниот дом во Лондон најавува дека ќе одел на фронт ако го мобилизираат.

Левиот бек на Арсенал кој играше и за Манчестер Сити, Украинецот Александар Зинченко често е љубимец на медиумите од англиското говорно подрачје, особено по избивањето на воениот конфликт меѓу Русија и Украина во февруари 2022-ра.

Често дава силни изјави во кои ги бодри неговите, ама тоа го чини од 2.000 километри далечина, во луксузен дом и на безбедно.

Зинченко за БиБиСи минатата недела на прашањето дали би одел да се бори во војна за својата земја ако го повикаат (во Украина се донесе закон со кој се намали возраста за служење воен рок од 27 на 25 години) и тој рече: „Дали би се огласил ако ме повикаат? Одговорот е јасен, би одел во војна“.

А сега му одговара десниот бек Серж Орие:

„Престани со својата претстава и оди веднаш таму (во Украина). Правите доброволци никој не мора да ги вика“.

8 април 2024 - 10:24