- 33 годишнниот Дру Гордон, инаку 5 години постар од Арон Гордон од Денвер, загинал во сообраќајна несреќа во Портланд.
- Во сезоната 2012/13 го носеше дресот на Партизан, а две години подоцна играше во НБА за Филаделфија.
- Гордон, кој е роден во Сан Хозе, Калифорнија имаше кошаркарска авантура и во Италија, Франција, Турција, Литванија, Полска, Украина и Русија, каде играше за три екипи.
- Од денес и официјално започна пријавувањето за XXII Меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ – Сокол ВЛТ 2026, еден од најпрепознатливите и најпосетени спортски настани во Македонија. Пријавувањето ќе трае до 28 август 2026 година, а бројот на екипи е ограничен на 40.
- Турнирот традиционално ќе започне на 1 септември 2026 година на игралиштето „Сокол“ во ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“, Карпош 1, додека ждрепката ќе се одржи на 30 август 2026 година.
- И оваа година учесниците ќе се борат за награден фонд од над 1.300.000 денари, што уште еднаш го потврдува статусот на турнирот како еден од најзначајните турнири во мал фудбал во државата.
- Реал Мадрид нема намера да прифати барање за зголемување на платата на кој било играч во екипата, па колку и да е клучен тој фудбалер за тимот. Ова е цврст став и важи за сите.
- Бразилецот Винисиус кој важи за најголема ѕвезда во Реал Мадрид, веќе неколку месеци преку неговите агенти одбива да го продолжи договорот кој истекува следното лето затоа што сака поголеми примања.
- Од друга страна, Реал за последен пат му понудил нов договор па Бразилецот може да бира дали ќе остане или ќе биде продаден.
- Арсенал е најсериозно заинтересиран да го откуп неговиот договор од „кралскиот клуб“ и тоа би можело да биде најбомбастичен трансфер летово.