Водич по стадионите на кои ќе се игра Европско првенство 2024 во Германија

Европското фудбалско првенство 2024 започнува за помалку од еден месец а отворањето ќе биде на „Алијанц Арена“ во Минхен. Германците педантно ги уредуваат сите постоечки места на одигрување (10 стадиони) и за очекување е едно од најдобрите европски организирани некогаш.

„Олимпаштадион Берлин“ - БЕРЛИНДомашен стадион на Херта Берлин која игра во втората Бундеслига. Капацитет: 70.000 места.

Натпревари на Европско:
15 јуни: Шпанија - Хрватска
21 јуни: Полска - Австрија
25 јуни: Холандија - Австрија
29 јуни: 1/8 финале: 2А - 2Б
6 јули: 1/4 финале
14 јули: финале

„Рајн Енерги Штадион“ - КЕЛН

Келн се наоѓа на реката Рајна, а во овој град се наоѓа и една од најпосетените цркви во Германија, Соборниот храм Свети Петар кој се наоѓа на листа на Светското културно наследство на УНЕСКО.

Капацитет: 47.000 места

Овој стадион е домашна арена на Келн кој игра во Бундеслига. Стадионот е изграден за потребите на Светското првенство 2006-та во Германија и тој е трет стадион изграден на истото место во Келн уште од 1923-та.

Арената беше домаќин на финалето на Лига Европа 2020-та меѓу Севиља и Интер но се играше без гледачи, со затворени врати поради глобалната пандемија. На овој стадион се организираат и други настани како натпревари во американски фудбал, хокеарски натпревари и музички концерти.

Натпревари на Европско:

15 јуни: Унгарија - Швајцарија
19 јуни: Шкотска - Швајцарија
22 јуни: Белгија - Романија
25 јуни: Англија - Словенија
30 јуни: 1/8 финале: 1Б - 3 А/Д/Е/Ф

СИГНАЛ ИДУНА ПАРК - ДОРТМУНД

Капацитет: 66.000 места

Стадионот на кој игра новиот финалист на Лига шампиони и еден од најславните германски клубови во историјата Борусија. Познат е по фамозниот „Жолт ѕид“ (Die Gelbe Wand) - јужната трибина зад еден од головите која собира до 25.000 навивачи.

Годинава стадионот одбележа 50-годишнина од отворањето. Бил изграден за потребите на Светското првенство 1974 во Западна Германија. На оваа арена се одигра и едно од најспектакуларните финалиња во историјата, она од Куп на УЕФА 2001 кога Ливерпул во прав трилер со 5:4 го совлада шпански Алавес после продолженијата.

Тука Италија ја совлада Германија во лудото полуфинале на Светското првенство 2006 во продолженија.

Натпревари на Евро 2024:

15 јуни: Италија - Албанија
18 јуни: Турција - Грузија
22 јуни: Турција - Португалија
25 јуни: Франција - Полска
29 јуни: Осминафинале: 1А - 2Ц
10 јули: Полуфинале

МЕРКУР ШПИЛ АРЕНА - ДИЗЕЛДОРФ

Капацитет: 47.000 места

Овој стадион е дом на второлигашот Фортуна Дизелдорф, на брегот на реката Рајна. Отворен е во септември 2004-та, а таму често игра и германската фудбалска репрезентација. На овој стадион македонската фудбалска репрезентација направи сензација откако ја совлада Германија со 1-2.

Се користи и за музички концерти па тука гостувале Ролинг Стоунс, Бон Џови, Брус Спрингстин, Мадона, Бијонсе и други.

Натпревари за Евро 2004:

17 јуни: Австрија - Франција
21 јуни: Словачка - Украина
24 јуни: Албанија - Шпанија
1 јули: Осминафинале: 2Д - 2Е
6 јули: Четвртфинале

ДОЈЧЕ БАНК ПАРК - ФРАНКФУРТ (НА МАЈНА)

Капацитет: 46.000 места.

Овој стадион се наоѓа во финансиската престолнина на земјата. Постои на исто место речиси сто години. Изграден е во 1925 но преживеал две силни реконструкции: во 1950-те и 1970-те години. На него се играле натпревари од Светско првенство 1974.

На оваа арена игра бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт. Организирани беа и три големи меѓународни фудбалски настани, а на него се играше и финалето на женското Светско првенство во 2011 меѓу САД и Јапонија.

Минатата година на Дојче Банк Парк се одиграле и два натпревари од регуларниот дел на сезоната од американската НФЛ лига.

Натпревари за Евро 2004:

17 јуни: Белгија - Словачка
20 јуни: Данска - Англија
23 јуни: Швајцарија - Германија
26 јуни: Словачка - Романија
1 јули: Осминафинале: 1Ф против 3 А/Б/Ц/

АРЕНА АУФШАЛКЕ (ВЕЛТИНС АРЕНА) - ГЕЛЗЕНКИРХЕН

Капацитет: 50.000 места.

Овој стадион е отворен во август 2001-ва година. На него игра фудбалскиот клуб Шалке кој се преселил на десетина минути од својот стар стадион „Паркштадион“ кој заминал во историјата.

На овој стадион се играа дури пет меча од Светското 2006 а на него се играше и култното финале на Лига на шампиони 2004 меѓу Монако и Порто.

Овој стадион исто има подвижен покрив но и подвнижен терен па може да служи за разни спортски и други културни настани. Тука во јули концерт треба да има Тејлор Свифт, а во декември ќе има натпреварување по биатлон.

Натпрвари за Евро 2004:

16 јуни: Србија - Англија
20 јуни: Шпанија - Италија
26 јуни: Грузија - Португалија
20 јуни: Осминафинале, 1Ц - 3Д/Е/Ф

ФОЛКПАРКШТАДИОН - ХАМБУРГ

Благодарение на тоа што е престолнина на ноќниот живот, Хамбург е на список на желби на многу туристи од целиот свет. Ова е трет по величина европски град којшто не е главен град на земјата.

Капацитет: 50.000 места

На овој стадион игра поранешниот европски шампион Хамбургер СВ. Отворен е во 2000-та наместо некогашниот „Фолкпаркштадион“ кој бил изграден на исто место во 1953-та.

За 24 години постоење оваа арена била користена за три големи меѓународни трунири, а на неа се играше и финалето на Лига Европа во 2010 меѓу Атлетико Мадрид и Фулам.

На северо-западниот агол од стадионот се наоѓа голем часовник монтиран во 2001-ва година во знак на сеќавање на тоа што од 1963-та година кога е основана Бундеслига, Хамбургер никогаш не испаднал од лига. Но испаднаа во 2018-та после долги години опстанување во Бундеслига и од тогаш уште не се вратени.

Натпревари за Евро 2024:

16 јуни: Полска - Холандија
19 јуни: Хрватска - Албанија
22 јуни: Грузија - Чешка
26 јуни: Чешка - Турција
5 јули: Четвртфинале

РЕД БУЛ АРЕНА - ЛАЈПЦИГ

Градот кој често е нарекуван „Нов Берлин“ има висок квалитет на живот во последните неколку години.

Капацитет: 42.000 места

Овој стадион е изграден во 2004-та година и се наоѓа на местото каде претходно бил стариот стадион Централштадион изграден во 1956-та.

РБ Лајпциг тука игра од 2010-та година кога гигантот Ред Бул направи нов клуб со фузија на два. Се искачија од најниските петта и четврта лига дури до Бундеслига и сега се редовен учесник во евркуповите.

Овој стадион беше домаќин на дури пет меча од Светското 2006 меѓу кои и на фамозното реми 1:1 меѓу Франција и Јужна Кореја во групна фаза. Тогаш Зинедин Зидан во налет на лутина и бес удрил во една врата кај соблекувалните, и од тогаш домаќините смислиле како да го брендираат тој момент, па ја заокружиле вдлабнатината во златна рамка и има потпис на Зидан.

АЛИЈАНЦ АРЕНА - МИНХЕН

Трет по величина град во Германија после Берлин и Хамбург, со богата историја, уметнички галерии, музеи, паркови и пивски градини. Светски познат по Октоберфест - пивски фестивал кој се одржува на средината или крајот на септември до првата недела од октомври) и привлекува милиони посетители.

Капацитет: 67.000 места

Изграден во 2005-та година, стадион кој првично беше домашен за Баерн Минхен и за Минхен 1860 до 2017-та, но потоа Баварците сами го изнајмуваат.

Овој стадион е прв во историјата кој може да менува бои на надворешниот изглед кој се состои од повеќе од 2.800 панели со светкави сијалички кои се палат навечер во Минхен.

Тука се играше големото финале на Лига на шампиони 2012 кога Баерн Минхен водеше против Челси до последните секунди од натпреварот кога Дидие Дрогба израмни па потоа сините славеа на пенали. Тука ќе се игра и големото финале на Евро 202.

Натпревари за Евро2024:

14 јуни: Германија - Шкотска
17 јуни: Романија - Украина
20 јуни: Словенија - Србија
25 јуни: Данска - Србија
2 јули: Осминафинале, 1Е - 3А/Б/Ц/Д
9 јули: Полуфинале

МЕРЦЕДЕС БЕНЗ ШТУТГАРТ АРЕНА - ШТУТГАРТ

Капацитет: 54.000

Стадионот во Штутгарт е дом на истоимениот бундеслигаш. Изграден е уште во 1933-та по проект на архитектот Паул Бонаца.

Натпревари за Евро 2024:

16 јуни: Словенија - Данска
19 јуни: Германија - Унгарија
23 јуни: Шкотска - Унгарија
26 јуни: Украина - Белгија
5 јули: Четвртфинале.

17 мај 2024 - 12:47