На Европското првенство ќе има голема разлика во платите на селекторите, како и во самиот квалитет на селекциите. Најплатен со 5,8 милиони евра годишно е англискиот селектор Гарет Саутгејт, а далеку зад него е Јулијан Нагелсман, предводникот на Германците со 4,8 милиони евра. Португалецот Роберто Мартинез има договор со Португалија вреден 4 милиони евра годишно.
Дидие Дешам фиксно добива 3,8 милиони евра по година од Франција.
Роналд Куман кој ќе се обиде да ја врати Холандија при врвот, од тамошната Кралска фудбалска федерација заработува 3 милиони евра за 12 месеци. Италијанскиот селектор Лучано Спалети исто зема 3 милиони евра годишно.
Неговиот сонародник на клупата на Турција, Винченцо Монтела има договор вреден 1,8 милиони евра. Мурат Јакин, пак, кој ја води Швајцарија заработува 1,6 милиони евра. Ралф Рагник на клупата на Австрија бележи одлични резултати и добива 1,5 милиони евра годишно.
Следуваат: Доменико Тедеско (Белгија): 1,5 милиони евра, Златко Далиќ (Хрватска) 1,5 милиони евра, Драган Стојковиќ (Србија) 1,4 милиони евра, Луис де ла Фуенте (Шпанија) 1,25 милиони евра, Сергеј Ребров (Украина) 1,25 милиони евра, Каспер Јуланд (Данска) 1,15 милиони евра, Силвињо (Албанија) 750.000 евра, Михал Пробеж (Полска) 560.000 евра, Стив Кларк (Шкотска) 550.000 евра, Франческо Калцона (Словачка) 540.000 евра, Марко Роси (Унгарија) 300.000 евра, Матјаж Кек (Словенија) 300.000 евра, Иван Гашек (Чешка) 250.000 евра, Едвард Јорданеску (Романија) 240.000 евра, Вили Сањол (Грузија) 200.000 евра.
Необично е што некогашниот десен бек на Баерн Минхен и француската репрезентација Вили Сањол напрви големо, историско чудо и за првпат во историјата ја однесе оваа земја на едно големо фудбалско натпреварување, но е на последно место според заработка.