
Група Е
БЕЛГИЈА
СЛОВАЧКА
РОМАНИЈА
УКРАИНА
БЕЛГИЈА
Смената на генерација не и сметаше на Белгија успешно да ги мине квалификациите за Еуро2024. Во нивната група Шведска заостана дури 10 бода зад нив, а Азербејџан и Естонија уште повеќе. Со гостинска победа од 2:3 над Австрија во директен дуел го освоија првото место.
Белгија на ова Европско првенство доаѓа со слабости во одбраната. 37-годишниот ветеран Јан Вертонген веќе има 154 настапи за репрезентацијата и се уште нема достојна замена. Во мај тој се повредил додека играл за Андерлехт но и покрај тоа влегол во составот за Евро2024.
Ровит е и другиот одбранбен играч Артур Теате од француски Рен. Селекторот Доменико Тедеско го повикал и 35-годишниот Аксел Витсел кој играше како стопер последните пар сезони во Атлетико Мадрид а за репрезентацијата не играше на Светско 2022.
Тедеско не го повика голманот на Реал Мадрид Тибо Куртоа кој скоро излезе од повреда (имаше тешки проблеми со лигаменти и со менискус на другото колено), а плус и поради конфликтот меѓу селекторот и голмано.
Куртоа направил голем случај кога селекторот на мечот со Австрија капитенската лента на повредениот Де Брујне му ја дал на Ромелу Лукаку. Официјално Куртоа изјави дека сака да заздрави и да се опорави од повредите.
Што се однесува до стилот Тедеско игра во формација 4-3-3 без агресивен пресинг. Дури и на мечот со Естонија кој го добија 4-0 најчесто играа на своја половина. Со Англија (2:2) на пријателска во март месец имаа 30% посед во првиот дел.
Тедеско беше тренер на Спартак Москва, потоа го освои германскиот Куп со Лајпциг но следната сезона имаше слаб старт со овој клуб и доби отказ. Набрзо доби понуда да стане селектор на Белгија и веднаш покажа дека е добар селектор со 12 меча без пораз меѓу кои и пријателска со Германија (победа 3:2). На 10 од 12 меча беше без лидерот Кевин де Брујне кој се опоравуваше.
Ова Европско ќе биде последна шанса за Де Брујне да направи нешто големо и со репрезентацијата.
Можен состав: Зелс, Кастањ, Фас, Вертонген, Теате - Онана, Де Брујне, Тилеманс - Тросар, Лукаку, Доку.
СЛОВАЧКА
Словаците во квалификациите изгубија само од неприкосновениот лидер во групата Португалија (0:1 и 2:3) и завршија на второ место. Зад нив ги оставија Луксембург, Исланд, БиХ и Лихтенштајн.
Селектор на Шкотска е малку познатиот италијански тренер Франческо Калцона (55) кој долги години му беше помошник на Маурицио Сари но решил да почне самостојна кариера. И пласманот на Словачка на Еуро2024 е огромен успех на радост на целата земја.
Интересно Калцона во февруари потпиша договор со Наполи за да му ја спаси сезоната и паралелно ја водеше и Словачка. Но на крај доби отказ во Неапол поради катастрофални резултати.
Во подготвителниот период со Словаците Калцона имал конфликт со ветеранот Роебрт Мак (33) поради што не го викнал на Еуро 2024. Мак игра во австралиски Сиднеј а после пријателските пролетва, тој го критикувал селекторот што му дал шанса само 7 минути на две пријателски средби. „Зошто ме вика, да ја пројдам цела Земјина топка ако не ми дава шанса?“, рекол Мак.
Федерико Калцона со Сари го создал фамозниот „сарибол“ уште од времето кога го водеа Наполи. Играчите во оваа тактика се наместени во зависност од тоа каде е топката а не каде стои противникот. Супертешка тактика која бара големо внимание.
Калцона ја имплементирал оваа рецептура и во Словачка и за сега се покажа како успешна.
Од репрезентацијата скоро се прости и најголемата легенда на словачкиот фудбал Марек Хамшик кој доби функција директор на репрезентацијата и ќе биде во Германија.
Лидери на Словачка на ова Европско ќе бидат Станислав Лоботка кого во 2022-ра година францускиот статистички канал popfoot го стави на списокот најдобри додавачи во XXI век. Лоботка се нашол во Топ4 во друштво со Чави, Тони Крос и Родри. Тој има дури 91,7% точни додавања. Неговиот стил беше исклучително важен за историското скудето на Наполи а важен е и сега за Словачка.
Втор лидер е стоперот Милан Шкриниар кој блескаше во Интер но не и во ПСЖ кај Луис Енрике кој летово најверојатно ќе му бара нова средина.
Можен состав: Дубравка - Пекарик, Вавро, Шкриниар, Ганцко - Дуда, Лоботка, Куцка - Суслов, Боженик, Хараслин.
РОМАНИЈА
Романците се најголемо изненадување во квалификациите затоа што после долги години очајни резултати, сега се издигнаа и завршија први во група со Швајцарија и Израел. Притоа ги минаа квалификациите без пораз. Забележија шест победи и четири нерешени а во последното коло ставија печат со триумф 1:0 над Швајцарците.
Романија на Еуро е секогаш носталгија особено кога човек ќе се сети на ’90-те години и почетокот на 2000-те и славни имиња предводени од „карпатскиот Марадона“ Георге Хаџи.
КАКО СТОЈАТ РАБОТИТЕ КАЈ НИВ?
Поради повреда ова Еуро2024 ќе го пропуштат двајца важни играчи: бекот Андреј Бурке (900 минути играл без достојна замена во квалификациите) и Олимпиу Моруцан од турски Анкарагучу.
Спорна одлука била и тоа што повик не добил Александру Митрица, центарфор кој постигнал 16 гола со 14 асистенции на 35 меча во романската лига.
Селектор на Романија е Едвард Јорданеску - син на познатата ѕвезда Ангел Јорданеску. Едвард работел само четири месеци во ЦСКА Софија а преостанатото време му е во романските клубови.
На клупата на репрезентација седнал во јануари 2022-ра година. Почнал со 4 порази на 6 меча и бил пред отказ, но на следните 16 натпревари изгубил само два пати: од Колумбија во пријателска (3:2) и од Словенија (1:2).
Јорданеску заработува најмалку од сите селектори на Европското (250.000 евра годишно) и се уште не му е продолжен договорот. Наводно имал понуда од Ал Ахли каде играат ѕвездите Ријад Марез и Роберто Фирмино и каде би можел да добива повеќе милиони по сезона.
Ѕвезда на екипата е Раду Драгушин, стоперот на Тотенхем кој на 16 години преминал во Јувентус за 2,1 милион евра. Никогаш не заиграл за прв тим на Јуве но затоа блесна во Џенова па Тотенхем за него во јануари 2024-та плати огромни 25 милиони евра! Сериозна понуда до последен момент имаше и од Баерн Минхен.
Можен состав: Молдован - Рациу, Драгушин, Бурке, Банку - М. Марин, Р.Марин - Хаџи, Станчиу, Коман - Алибек.
УКРАИНА
Украинците одиграа сосема добри квалификации во тешка група со Англија, Италија, Македонија и токму со лудиот пресврт во Скопје кога од негатива 2:0 се извадија и славеа 2:3 освоија три бода кои им завршија голема работа.
Се изборија за бараж а таму ги совладаа Исланд и Босна и Херцеговина и заслужено одат на Европско првенство.
Украина има млада одлична, талентирана генерација. Предводена е од фудбалери кои одиграа одлична сезона во странски клубови. Шпицот на Жирона Артем Довбик стана најдобар стрелец на шпанска Ла Лига и за него Атлетико Мадрид наводно веќе нуди над 25 милиони евра.
Голманот Андреј Лунин бранеше одлично цела сезона за шампионски Реал Мадрид и го замени повредениот Тибо Куртоа кој се врати таман за финалето на Лига на шампиони. Виктор Циганков од средниот ред на Жирона имаше 8 гола и 7 асистенции и беше еден од најзаслужните што овој клуб ќе игра во Лига на шампиони за првпат во историјата.
Бекот Александар Зинченко до последно коло се бореше за титула во Премиер лига со Арсенал (одигра 27 меча стандардно добро). Вториот голман Анатолиј Трубин беше стандарден на голот на Бенфика и освои вицешампионско второ место. Стоперот Иља Забарњи забележа дури 27 настапи за Борнмут во силната Прмиер лига, неговиот партнер од одбраната Виталиј Миколенко исто играше стабилно за Евертон.
Руслан Малиновски имаше 4 гола и 1 асистенција за Џенова а Михаил Мудрик во Челси постигна 5 гола во Премиер лига.
КАКОВ ИМ Е СТИЛОТ?
ж
И покрај класниот состав Украинците против топ екипите ја препуштаат топката. Во најважниот меч од квалификациите во директен дуел со Италија во последно коло (0:0) имаа само 40% посед на топка и помалку удари кон противнички гол 7:17.
Селекторот Сергеј Ребрво во јунската пријателска со Германија пробал хибридна шема со пет стопери. 26:7 удари за Германија имало на тој меч и резултат 0:0 на крај.
Украина во секоја линија има лидер: Лунин и Турбин на го, во одбрана Забарњи, на крила Зинченко, Циганков и Мудрик а напред Довбик (или Јаремчук кој одигра фина сезона во Валенсија).
Селекторот Сергеј Ребров имаше славна играчка кариера. Ја водеше Украина како играч до 1/4 финале на Светско првенство 2006. Сега како тренер почна во Ал Аин каде го освои Купот на ОАЕ во 2022 а претходно освои титули со Динамо Киев и унгарски Ференцварош.
Украина има дури 9 фудбалери во топ5-лигите: 4 во Премиер лига, 4 во Ла Лига, 1 во Серија А.
Можен состав: Лунин, Конопља, Забарњи, Матвиенко, Миколенко - Судаков, Зинченко, Степаненко - Циганков, Довбик, Мудрик.
Водич за Европско првенство 2024 - запознавање со сите репрезентации - Група А