Ирина Винер, претседателка на Серуската федерација по уметничко лизгање, изјавила дека „оние кои ќе појдат на Олимпијадата во Париз летово во состав на неутрална екипа, ќе настапуваат за ’тим на бездомници’.
Неколку руски федерации изјавија дека нема да одат на Олимписките Игри во Париз летово поради дискриминаторскиот однос од Меѓународниот олимписки комитет.
За потсетување, раководството на МОК веќе со години ги дискриминира натпреварувачите од Руска Федерација поради воениот конфликт меѓу Украина и Русија. Оваа дискриминација кулминира пред Игрите во Париз за кои раководните луѓе на МОК комфорно изјавуваа како „постои листа на спортисти од Русија и Белорусија кои можат и кои не можат да се појават на Игрите“.
Нивната одлука ја бранат со тоа што „неподобните“ одбиле да ја осудат руската инвазија на Украина, како да се спортистите виновни за тоа што се случува во меѓународната политичка арена.
„Во животот секој човек има право на свое мислење, така што јас имам право да не се согласувам со тоа мислење. Сите имаат свои причини да мислат така и не поинаку. Од своја страна повторувам: ако има можност, со задоволство ќе отидам (на Летните Олимписки Игри)“, рекол најдобриот руски тенисер Данил Медведев за руски Спорт Експрес.
Портпаролот на Кремљ и прес-секретар на претседателот на Русија, Дмитриј Песков смета дека не треба да се прави проблем на спортистите кои сакаат да отидат во Париз.
„Јас знам многу спортисти за кои учество на Олимписки Игри е многу важно. Друга шанса можеби нема да им се укаже. Затоа кон одлуката на атлетите да отидат на Игрите треба да се однесуваме со уважение.
Добро, ќе настапти наш човек без нашето знаме. Зар јас и ти нема да знаеме дека е наш спортист? Ќе знаеме. А ако пбеди, нема ли да бидеме горди на него зошто е без наше знаме? Ќе бидеме горди. Тој самиот ќе биде знаме! Олимписки шампион веднаш ќе стане знаме. И химна и знаме“.