Хантер Бајден стана прво дете на актуелен американски претседател кој е осуден за федерални кривични дела. Осуден е за сите три обвинувања во еден од двата процеса кои го чекаат пред ноември кога татко му ќе бара повторен мандат. Поротата толку брзо донела пресуда што на читањето на пресудата, во судницата не успеала да стигне ни мајка му на Хантер,
Откако се разбра дека Пакистанец сака да го отвори првиот геј клуб во земјата, истиот по итна постапка е уапсен и завршил во болница за ментални болести.
Локална гатачка во еден француски град го убедила градоначалникот дека може да разговара со мртви, меѓу кои и неговиот татко. Градоначалникот се навлекол на тие сеанси па имал стотици муабети со мртви, понекогаш и со ангели. По некое време, сосема очекувано, ангелите почнале да го убедуваат градоначалникот да ѝ помогне на гатачката да ја реновира куќата.
Белгиската влада ќе интервенира во случаи кога проститутките премногу често ќе одбиваат секс. Новиот закон регулира и подобрува многу аспекти од работата на сексуалните работнички но и овој погоре - ако веќе се работнички, треба да се работи.
Како и за многу претходни, така и за претстојните Летни Олимписки Игри 2024 во Париз, организаторите решиле да спремат и поделат околу 300.000 презервативи за учесниците кои ќе бидат сместени во олимпиското село.
Кортни Кардашијан сподели статија за „автосексуалност“ - кога те возбудува сопствениот еротизам - и со тоа се прогласи за автосексуална. А по природа, изгледа сите сме на спектарот.
Алекс Сорос за Св. Валентин објави заедничка фотографија од Париз со една од најблиските долгогодишни соработнички и советнички на Хилари Клинтон, Хума Абедин, некогашната сопруга на посрамениот демократкски конгресмен Ентони Винер, кој несакајќи стана еден од виновниците за поразот на Хилари на изборите 2016.
Постојат херои кои сите ги знаеме но и херои кои допрва треба да се препознаат. Таков е гитаристот на MC5, еден од најважните рокенрол бендови на сите времиња, Вејн Крамер (1948 – 2024). Нејасно е како таква величина остана на маргините сè додека Том Морело од Рејџ не почна да зборува колку му значел нему и на групата.
На интернет протече снимка од млад дечко кој се снимал како се буфта во официјалните простори на американскиот Сенат по што брзо отказ од позицијата помошник на еден сенатор. Ок, младост, лудост. Она што ни е поинтересно; дечкото пробува да се позиционира како жртва во целиот случај. А други го јачаат дека тоа неговото било бунтовништво.
Тиндер и слични апликации засекогаш го сменија културниот релјеф, особено што сега таргетираат и корисници според вера, професионални достигнувања и други нишки. Сепак, има индикации дека се на заминување.
Легендарниот Бразилец кој по конституција и градба личеше на сè освен на врвен голгетер и неверојатен стрелец, беше најзаслужен што просечниот клуб Вердер од Бремен стана сензационален шампион на Германија а тој прв стрелец во Бундеслига.
Колумбискиот голман важеше за еден од поексцентричните фудбалери какви што фудбалот ретко видел. Тој често излегуваше далеку од својот гол, дриблаше, започнуваше напади, ризикуваше, шутираше слободни удари. Автор е на култниот удар скорпион против Англија на „Вембли“.
Во деновите пред нападот од 7 октомври на берзата во Њујорк вложени се огромни суми пари кои се кладат на тоа дека во скоро време вредноста на израелските акции ќе падне.
Повеќе од две децении откако беше легализирана, германските политичари сега бараат начин како да ја забранат проституцијата, бидејќи државата почнала да станува „борделот на Европа“.
Ако Трамп или Болсонаро ви изгледаа ексцентрични и контроверзни, чекајте да го видите Хавиер Милеи, крајниот десничар кој стана претседател на 45 милионската Аргентина. Вака „полемизира“ човекот кој има фитил пократок од оној на Јаран од Ноќна Мора: - Оние левичарски говна... - (водителката) Ама зошто ги нарекувате така? - Затоа што се говна.
Германски студенти деновиве гласаа околу едно од најгорливите прашања што ги тангира во 2023: дали во јавните тоалети во еден тамошен универзитет треба да се постават „глори-холс“ за анонимен секс.