Рекордот за сега го држат Олимписките Игри во Рио 2016. кога организаторите поделиле 450.000 кондоми а сево ова почна во Сеул во Јужна Кореја 1988-ма година кога поради глобален страв од ХИВ вирусот, организаторите поделиле околу 8.500 кондоми.
Со текот на времето бројката на поделени кондоми во пресрет на големите Олимписки Игри почнала да расте па така во Барселона поделиле 90.000 презервативи, а во Атланта (САД) 105.000 кондоми.
Необична беше веста од 2000-та година кога за Олимписките Игри во Австралија домаќините морале да нарачаат дополнителни 20.000 презервативи затоа што оние првичните 70.000 биле недоволни...
Во Атина во Грција гигантот Дурекс донирал 130.000 заштитни гумички со цел „да го олесни настапот на елитните светски спортисти во срените и под јорганите“.
Забавно било и во Пекинг 2008 кога голманката на САД Хоуп Соло отворено и експлицитно изјави:
„Многу секс има на Олимписките Игри. Јас видов спортисти како се сексаат на отворено, па дури и на тревници меѓу зградите (во Олимпиското село)“.
Во Лондон 2012, пак, бројката на подарени бесплатни заштитни презервативи била 150.000 парчиња а во Рио е поставен рекорд со дури 450.000 презервативи и 175.000 лубриканти.