„Чист отров.” Така заклучува професорка од Харвард, д-р Карин Микелс во едно свое предавања со наслов: „Кокосово масло и други грешки во исхраната” и има милион прегледи на Јутјуб. Значи тоа е. Супер-храната што ја величавме како Свет грал на здравје, убавина и добросостојба - падна.
Една машка жаба (жаб?) цели 10 години живее во присилен целибат пошто го рачунале за последниот жив примерок од неговиот вид. Но, луѓе покренуваат акција, се враќаат во длабоките шуми во Боливија кај што овој бил најден, буричкаат по тоа реките и му наоѓаат женка! Нашле две, само што едната е мала, ама затоа другата е иделна за парење. Ги викаат Ромео и Јулија. Јулија моментално е во карантин за да не донесе некој трипер а Ромео се остри. 10 години! Можете ли да замислите колку допрва ќе му се ококорат тоа очите?
Ниедна жена нема намера свесно да влезе во категоријата „лудача”, но сепак, знаеме дека се случува. Се губи памет по некого, па се прават ствари што не би ти паднале на памет на „трезно”. Тука влегуваат и реални проблеми со менталното здравје кои само придонесуваат кон целиот тој хаос. Непријатната вест е што постои тврдење дека на мажите сето ова, макар и ненамерно - им одговара.
Во последниве три години, околку 1 милијарда долари во инвестиции се истурени во технологијата за женско здравје. И нема врска дека технолошката индустрија станала женска.
Преживеал удар од авион, зависности од дрога и алкохол, ментални крахови и нефункционални семејни сетапи, за потоа да стане експерт за фармација, неврологија, психологија и хипохондрија.
Еден ден, некој умен куратор ќе направи ретроспектива на модата на Џереми Скот и сè ќе има смисла - референците на поп култура, иконографијата на списанија и книги, неверојатната палета на базенчиња, детство и барбики, сè. И ќе се избезумиме колку бил он уствари добар.
Отсекогаш ме фасцинирала човечката сексуалност и ме бунело зошто луѓето не зборуваат повеќе на таа тема. На крај станав секс-терапевт, магистрирав на психологија, па сфатив дека не ме бива за терапевт и подзастанав да се пребројам. И кога видов дека пазарот на секс-играчки е проблематичен и регресивен, решив да се фокусирам на создавање решенија за една застарена категорија и така се роди Dame Products.
Нема дефиниција за силување што не е грозна, и таква е и онаа за обратно силување, што до скоро беше „кога жена силува маж”. По ново, оваа дефиниција добива суштинска, криминално идиотска измена.
На ниедна вагина не и е потребно подмладување - и сè попопуларната процедура позната како vaginal rejuvenation, или „вагинално подмладување” може да биде дури и опасна.
Збирка прашања во врска со сексот кои екс-југословенски тинејџери ги поставувале во некогаш популарните списанија од типот на ОК, Браво и слични. Чекајте го она со шишињата.
Додека пиете кафе и замислувате „колку фино би ви дошло милионче сега”, ви текнало ли некогаш дека сосема обични луѓе заработуваат по толку и не мора да значи дека ги гледаме на телевизија? Публицист, банкар и претприемач, раскажуваат за нивното доживување на милионот.