Пораката зад маицата што сега ви треба во плакар

Дојдено е малце мрачно време, па да се потсетиме што е важно.

Кога креаторот Кристофер Кејн ја постави неговата есенско-зимска колекција за 2018-та во февруари годинава, отвори малку непријатна, проблематична тема во екот на #MeToo и Time's Up - секс.

Инспириран од The Joy of Sex: A Gourmet Guide to Lovemaking, еротскиот прирачник издаден уште во 1972-ра, ревијата на Кејн истражува различни претстави на сексот, преку материјали како кожа, чипка и пердуви, до фустанот што беше врв на ревијата, со експлицитна силуета од самиот прирачник.

„Прв пат ја видов книгата во библиотека на факултет, пред околу 16 години,” раскажува Кејн за Refinery29. „После толку години, сè уште го гледам светот на меѓучовечките односи, науката и природата како инспирација. Направив многу колекции базирани на секс: Resort 2014, Sex Education (SS14), цртежи на чипка (AW15). И љубовта кон цртањето ме натера да се сетам на популарната книга што ги содржи најубавите претстави на водењето љубов, креирани од уметникот Крис Фос. Си ја вршат работата и те едуцираат за уметноста да се биде љубовник.”

Иако ни е јасно клишето „сексот продава”, парчето што најмногу се истакна во последната колекција на Кејн е маичката со слоган 'More Joy’. „Ми текна дека ‘Повеќе радост’ е многу моќна изјава, и ја надрасна првобитната поврзаност со секс-прирачникот,” објаснува Кејн. Ми стана секојдневна мантра. Нели на сите ни треба малку повеќе радост во животот?

Лани владееше We Should All Be Feminists на Диор, оваа година е на Кејн.

И кога ќе го прашаат, ако е мачно да се снајде, како може човек да искуси повеќе радост во животот, Кејн вели:

„Мислам дека денес сме сите напикани во туѓите животи, благодарение на социјалните мрежи кои ни ги отворија очите кон другите, а треба повеќе да се фокусираме на себеси и да престанеме да се споредуваме до другите. Исто така, мислам дека патување во други делови од светот, особено места кои живеат сосема спротивно од мојот начин на живот ми помага да останам со двете нозе на земја и ми докажува колку имам среќа.”

Ете.

Филозофија за пријатен остаток од денот.

13 ноември 2018 - 10:06