Христијанската група Милион мајки (кои инаку, на Твитер се 3647 мајки, но добро) го напаѓаат производителот на Кит Кат затоа што ги потсетувале потрошувачите на машки гениталии. Сега ќе видиме што тоа.
Работи што можат жените да ги купат, без да бидат нападнати: нешто за сопругот и децата, или нешто без кое што буквално не би преживеале.
Работи што ќе им ги качат на глава: сè друго што ќе го купат за лично задоволство.
„Чист отров.” Така заклучува професорка од Харвард, д-р Карин Микелс во едно свое предавања со наслов: „Кокосово масло и други грешки во исхраната” и има милион прегледи на Јутјуб. Значи тоа е. Супер-храната што ја величавме како Свет грал на здравје, убавина и добросостојба - падна.
Една машка жаба (жаб?) цели 10 години живее во присилен целибат пошто го рачунале за последниот жив примерок од неговиот вид. Но, луѓе покренуваат акција, се враќаат во длабоките шуми во Боливија кај што овој бил најден, буричкаат по тоа реките и му наоѓаат женка! Нашле две, само што едната е мала, ама затоа другата е иделна за парење. Ги викаат Ромео и Јулија. Јулија моментално е во карантин за да не донесе некој трипер а Ромео се остри. 10 години! Можете ли да замислите колку допрва ќе му се ококорат тоа очите?
Ниедна жена нема намера свесно да влезе во категоријата „лудача”, но сепак, знаеме дека се случува. Се губи памет по некого, па се прават ствари што не би ти паднале на памет на „трезно”. Тука влегуваат и реални проблеми со менталното здравје кои само придонесуваат кон целиот тој хаос. Непријатната вест е што постои тврдење дека на мажите сето ова, макар и ненамерно - им одговара.
Во последниве три години, околку 1 милијарда долари во инвестиции се истурени во технологијата за женско здравје. И нема врска дека технолошката индустрија станала женска.
Преживеал удар од авион, зависности од дрога и алкохол, ментални крахови и нефункционални семејни сетапи, за потоа да стане експерт за фармација, неврологија, психологија и хипохондрија.
Еден ден, некој умен куратор ќе направи ретроспектива на модата на Џереми Скот и сè ќе има смисла - референците на поп култура, иконографијата на списанија и книги, неверојатната палета на базенчиња, детство и барбики, сè. И ќе се избезумиме колку бил он уствари добар.
Продолжив да ја кријам. Нон-стоп. И од моите дома, и од нејзините психијатри. Зошто? Затоа што - ми беше поголема сестра! Она сакаше хорс, а јас неа. Љубов.
Отсекогаш ме фасцинирала човечката сексуалност и ме бунело зошто луѓето не зборуваат повеќе на таа тема. На крај станав секс-терапевт, магистрирав на психологија, па сфатив дека не ме бива за терапевт и подзастанав да се пребројам. И кога видов дека пазарот на секс-играчки е проблематичен и регресивен, решив да се фокусирам на создавање решенија за една застарена категорија и така се роди Dame Products.