Небулози од „Контра-абортус” штабот:

Бебе од инцест како доказ за силување

Бизарен ви е насловот? Тоа е затоа што има и луѓе што се самите доказ дека абортусот е во ред.

Конзервативниот католички блогер Мет Волш, неверојатно влијателен, кој своевремено изјави дека „изборите немаат некои особени последици”, сега сака да каже дека и тоа што сè повеќе изгледа дека еден куп жени ќе останат без право на абортус - не е така страшно.

Тоа е бескрајно едноставно тврдење кога нема никаква опасност ТИ да забремениш.

Не е ова некој посебен шок, затоа што вакви шупаци што мислат дека смеат да имаат мислење околу тоа што „некој таму” ќе прави со своето тело не се ништо ново. Но, неговиот ингениозно глуп аргумент ПРОТИВ абортус е она што сака разгледување и расчленување, да не би му текнало и на некој локален да го искористи.

Вака рече Мет Волш во еден негов твит:

„Ако 12-годишно девојче ја силува нејзиниот татко, и таткото ја однесе да абортира, доказот за злосторството ќе биде уништен, и тој ќе може да ја малтретира својата жртва со години. Но, ако се роди детето, злосторот ќе биде откриен и таа нема да страда од злоупотреба.”

Види, бога ти!

Има толку многу проблеми во оваа изјава, што човек не знае од кај да почне, ама ај да видиме од почеток:

Дванаесетгодишно девојче не е доволно возрасно да се согласи на секс, па така, БРЕМЕНО 12-годишно девојче е САМОТО ПО СЕБЕ доказ за силување.

Исто така, ако абортира (нели, наспроти тоа да роди бебе направено од татко ѝ), не е дека не може да се тестира ДНК на фетус.

Поточно, идиотското сценарио на Волш предвидува некако премногу среќен крај за силуваното, бремено девојче. И тоа во свет каде што силувачите веќе добиваат смешни казни како резултат на пристојно однесување пред да се случи грозниот чин, а некои знаат и да се борат за старателство над детето зачнато со силување.

Фала богу Твитер е Твитер, па прописно го соџвакаа Волш, кој пак магично има над 220 илјади следачи.

На пример:

„Слушате луѓе? Ништо од проверките за силување, затоа што матката на едно трауматизирано 12-годишно девојче е новиот систем за правда!

Или:

12-годишна: „Татко ми ме силува секоја вечер.”

најдобриот наставник во основно на светот, Мет Волш: „Така, а? Докажи.”

Се разбира, тој roast што го јадат ваквите мизерии магично ги ојачува (којзнае по кои равенки они функционираат), па мислењето сигурно нема да му го сменат.

Иако, резултатот е дека секогаш некако излегува нормалните луѓе да го јадат од вакви.

16 мај 2019 - 23:55