Се сеќавате ли на Реал Овиедо, поранешниот клуб на Митко Стојковски и клубот кој ги произведе Мата, Казорла и Мичу? За десетина евра можете да станете косопственик на прославениот шпански клуб и да го спасите од финансиките проблеми.
Актуелниот европски шампион го победи Шахтјор со гол во 94-та минута, а Манчестер Јунајтед триумфираше во Брага со пресврт во последните минути. Најголемото изненадување го приредија фудбалерите на Селтик кои ја победија Барселона.
Симуланти пазете се, НБА ве прати. Откако пред почетокот на сезоната го најавија новото правило, челниците на НБА лигата ги испратија и првите официјални предупредувања за симулантите.
Навивачите на Јувентус веројатно не можеа да замислат полошо сценарио. Заврши неверојатната серија од 49 натпревари без пораз на актуелниот шампион и тоа со пораз на домашен терен во дербито на Италија од најголемиот ривал Интер.
Манчестер Јунајтед славеше против Арсенал и го искористи киксот на Челси против Свонси, па по 10 одиграни кола го запоседна врвот во англиската Премиер лига.
Изминатава недела уживавме во голеадите на неколку натпревари во Англија, но ретко кој примети дека фудбалската игра има голем проблем со лошите одбрани. Денес, првокласни дефанзивци можат да се избројат на една рака, а нема да ви биде потребна ни една рака за да ги изброите тимовите со првокласна одбрана.
Ракометната репрезентација на Македонија имаше успешен старт на квалификациите за Европското првенство во Данска. Во првото коло Македонија ја совлада Швајцарија со 30:24.
Актуелниот шампион на НБА лигата имаше успешен старт на новата сезона. Мајами Хит во одбрана на титулата тргна со победа над Бостон Селтикс, ЛА Лејкерс беа поразени од Далас, а Кливленд славеше над Вашингтон.
Вечерва стартува 67-та сезона од најквалитетното светско кошаркарско натпреварување. Мајами Хит е најголем фаворит за одбрана на тронот во НБА лигата, а Лејкерс и Оклахома ќе се обидат да им го украдат шампионскиот трофеј.
ФИФА ја објави листата од 23 номинирани фудбалери за признанието за најдобар фудбалер на светот во 2012-та година, по што и на кладилниците не им требаше многу време да ги објават своите коефициенти според кои Лионел Меси е главен фаворит за освојување на наградата по четврти пат.
МЗТ Скопје доби нов тренер, но старите проблеми останаа. Македонскиот кошаркарски шампион го забележа и четвртиот пораз во АБА лигата. Црвена Звезда без поголеми проблеми славеше со 60:75.
Додека грчките клубови заради рецесијата мораа да ги кратат трошоците и да патуваат со автобус 17 часа во еден ден, Арсенал изнајми приватен авион за гостувањето кај Норич.
Барселона прими четири голови но сепак победи. Депортиво Ла Коруња и Барселона одиграа луд натпревар до девет голови, а на крајот Каталонците славеа со 4:5. На првите четири натпревари од осмото коло на шпанската Примера беа постигнати 19 голови!
Екипата на Јувентус не само што ја продолжи серијата од фантастични 47 натпревари без пораз, туку сега е и единствена непоразена екипа во Серија А оваа сезона. На второто денешно дерби, Лацио ja зголеми агонијата на Милан и уште повеќе ја разниша позицијата на Алегри.