Макало со месо

Луто макало со говедско

Вкусно луто макало со мелено говедско месо и сирење.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 450 гр. мелено говедско месо
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 главица кромид, ситно сецкан
  • 1 чешне лук, ситно сецкано
  • 3 лажици доматно пире
  • 2 лажички лут буковец
  • 1 лажичка оригано
  • сол и бибер
  • 1 лажица сув магдонос
  • 700 гр. кремсирење

Подготовка

Загрејте масло во тава на среден оган. Пропржете го кромидот неколку минути додека да омекне. Додадете го лукот, меленото месо и зачините и добро промешајте. Пржете го месото со постојано мешање додека да добие кафеава боја. 

Додадете во месото 3 лажици доматно пире. Промешајте и постепено додавајте 1 чаша вода додека да добиете густ сос. Намалете ја јачината на ринглата на најслабо и додадете го кремсирењето една по една лажица. Мешајте додека да се растопи сирењето.

Послужете го сосот веднаш со чипс по желба. 

26 октомври 2012 - 07:00