Зеленчукови супи

Супа од пашканат и праз

Вксуна зелена супа за студени денови.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
45 мин.

Вкупно време:
55 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 30 гр. путер
  • 3 парчиња праз изчистен и исецкан на кругчиња
  • 2 лажици маслиново масло
  • 800 гр. пашканат излупен и исецкан на парчиња
  • сол и бибер
  • 1 л. супа од коцка зеленчукова
  • кора од лимон
  • 500 мл. вода
  • 1 лажица сок од лимон
  • 50 гр. магдонос свеж, ситно сецкан

Подготовка

Растопете го путерот во тенџере и додадете го празот. Гответе го на ниска температура 10тина минути со покриен капак. Додадете го маслиновото масло, и пашканатот. Зачинете со сол. Додадете ја водата и супата од коцка. Додадете ја и кората од лимон. Зовријте ја течноста па намалете ја температурата на ниско, покријте со капак и гответе најмалку 30тина минути. Додадете го магдоносот. Изблендирајте ја цела супа и вратете ја во тенџерете. Додадете го сокот од лимон и зачинете со сол и бибер по желба.

2 ноември 2012 - 19:02