За љубители на печурки

Кафеав ориз со печурки

Вкусна тава за ручек без месо.

Време на подготовка:
35 мин.

Време на готвење:
45 мин.

Вкупно време:
1 ч. 20 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 120 гр. печурки (предлагаме шампињони)
  • 2 лажички маслиново масло
  • 1 средна главица црвен кромид, ситно сецкан
  • 1 чешне лук, ситно сецкан
  • 300 гр. кафеав ориз
  • 1 јајце
  • 100 гр. сирење
  • 100 гр. кисела павлака
  • сол и бибер
  • 3 лажици рендан пармезан
  • магдонос за декорација

Подготовка

Сварете го оризот во тенџере со 600 мл. вода, на рингла на среден оган. Варете го додека да изврие водата околу 30 мин.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Исецкајте ги печурките и пржете ги во тава со масло на среден оган. По 5 минути додадете го кромидот и продолжете со пржење. Кога ќе омекне кромидот додадете лук и гответе го околу 1/2 минута. На крај додадете го сварениот ориз и добро промешајте. Во длабок сад измешајте павлака, јајце, рендано сирење и сол. Додадете 1 лажица пармезан. Во оваа смеса додадете го оризот со печурки и префрлете ја во огноотпорен сад. Печете го јадењето во загреаната рерна 30 минути покриено со алуминиумска фолија. Потоа одстранете ја фолијата и печете уште 15 минути. Послужете го оризот со печурки декориран со остатокот од пармезан и свеж магдонос.

1 ноември 2012 - 07:00