Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
1 ч. 25 мин.
Вкупно време:
1 ч. 40 мин.
Порции
2 лица
Состојки
- 1 компир голем
- 2 лажици павлака
- 2 парчиња млад кромид
- 30 гр. кашкавал рендан
- сол и бибер
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени и печете го компирот околу 60 минути зависно од големината. Извадете го од рерна и откако ке се олади, исечете го на половина по должина. Издлабете дел од двете половини и ставете го издлабениот компир во еден сад. Помешајте го со павлаката и ситно сецканиот кромид. Зачинете со сол и бибер. Наполнете ги двете половини компир со смесата и посипете рендан кашкавал одозгора. Печете ги половинките компир уште 20-25 минути додека не се растопи кашкавалот и не стане крцкав.
Добар апетит!