Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 50 мл. маслиново масло
- 2 главици кромид, ситно сецкан
- 4 чешниња лук, исецкан
- 35 гр. кари
- 2 лажички цимет (по желба)
- 2 лажички црвен пипер
- 2 листа ловор
- 1 лажичка ѓумбир
- 1 лажичка јаворов сируп (или друг засладувач по вкус)
- 4 парчиња пилешки гради, исечени на коцки
- 2 лажици доматно пире
- 600 мл. јогурт
- сок од еден лимон
- сол
- 1 лажичка бибер
Подготовка
Загрејте маслиново масло во поголема тава на среден оган. Пропржете го кромидот додека да добие светло кафеава боја. Додадете го лукот, кари, цимет (ако користите), црвен пипер, ловор, ѓумбир, засладувач и сол. Мешајте ги зачините 2 минути. Додадете го пилешкото, доматно пире и јогурт. Оставете ја чорбата да зоврие, намалете ја јачината на ринглата на најтивко и гответе ја уште околу 15 минути. Потоа одстранете го ловоровиот лист, додадете сок од лимон и лажичка бибер. Промешајте ја и послужете ја веднаш.