Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 100 гр. рикота сирење (или друго по избор)
- 100 гр. овесни снегулки
- 3/4 лажичка прашок за пециво
- 1/2 лажичка магдонос
- 1/2 лажичка босилек
- 3 јајца
Прелив
- 50 гр. рендан пармезан
- 50 гр. моцарела
- 50 гр. бланширан спанаќ
- 4 лажици кечап или пица сос
Подготовка
Во длабоко тенџере зовријте вода и ставете го спанаќот 1 минута. Извадете го во цедилка и исплакнете го под млаз студена вода. Потоа оставете го на страна.
Во блендер сомелете ги овесните снегулки. Потоа префрлете ги во длабок сад и со миксер измешајте ги со рикота сирењето, прашокот за пециво, јајцата, босилекот и магдоносот. Од смесата замесете тесто. Расукајте го во круг и поставете го во плех за печење обложен со хартија.
Печете го тестото за пица во загреана рерна на 220 степени 5 минути за малку да се запече. Потоа извадете го од рерна. Намачкајте пица сос или кечап врз тестото и додадете пармезан, моцарела и спанаќ. Печете ја пицата околу 10 минути додека да се растопи сирењето. Послужете ја веднаш.
На здравје!