
Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
60 мин.
Вкупно време:
1 час и 10 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 8 колбаси свински
- 2 кромида црвени, исечени на крупни парчиња
- 3 моркови средни, излупени
- 2 парчиња пашканат излупен
- 1 зелена и 1 црвена пиперка
- 2 компири
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици оцет балсамико
- 1 лажичка мајчина дужица
- 1 гранче рузмарин
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во тава за печење ставете ги компирите исецкани на покрупно. Зачинете ги со масло и сол и печете ги 30 минути. Потоа во тавата додадете ги кромидот, пашканатот, морковите, пиперките и уште една лажица маслиновото масло и печете ги 10 минути. На крај додадете ги колбасите и печете уште 20 минути. Неколку минути пред крај додадете оцет балсамико и зачинете го зеленчкукот со колбаси со рузмарин и мајчина душица. На здравје!