Француска кујна

Зеленчукова мусака

Вкусен рецепт за мусака од мешан зеленчук и сирење.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
45 мин.

Вкупно време:
60 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 100 гр. крупно сецкан кромид
  • 1 чешне лук, ситно сецкан
  • маслиново масло
  • 1 тиквица
  • 2 црвени компири
  • 2 жолти компири
  • 1 голем црвен домат
  • мајчина душица
  • сол и бибер
  • 200 гр. рендан кашкавал

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени.
Во тава на среден оган пропржете го кромидот и лукот со маслиново масло.
Излупете ги тикцвицата и компирите и исечете ги на тенки тркалца со иста дебелина. Доматот прво пресечете го на половина па потоа сечете го на полукругови. Во еден сад измешајте го исецканиот зеленчук со маслиново масло, сол, бибер и мајчина душица по вкус.
Во еден огноотпорен длабок сад намачкајте го дното со малку маслиново масло. Додадете го пржениот кромид и лук на дното од садот. Врз него редете ги вертикално парчињата зеленчук, бирајќи од секој вид наизменично.
Покријте го садот со фолија и печете го 30 минути. Потоа одстранете ја фолијата, додадете го врз зеленчукот ренданиот кашкавал и печете го уште 15 минути.
Послужете ја мусаката топла. На здравје!

23 октомври 2012 - 07:00