Гратчето има нешто над 3000 жители, лоцирано е 43 километри источно од Фиренца и се вика Певе Санто Стефано. Освен што е дел од прекрасната Тоскана, ова гратче не би било познато по ништо посебно доколку тука не се наоѓа една специфична архива. A во неа 9000 дневници и една посебна автобиографија.
При крајот на Втората светска војна на Јапонците почнало да им станува јасно дека мораaт да сменат тактика ако планираат да победат. Не дека ова многу им помогнало, но идејата била ингениозна - тие дизајнирале и пуштиле во воздух 9300 „огнени балони“, бомби кои требало да го преминат Пацификот и некако да стигнат до САД. Некои навистина и стигнале, па дури и успеале да убијат неколкумина цивили.
На Нетфликс се прикажува шоу во кое деца, тип мали-мали, се испраќаат сами во светот. Ако мислите дека е глупо, погледнете барем една епизода, да видите како ќе ви се стега срце дур следите четиригодишно дете крај автопат. И колку навивате за него да му текне кога ќе го заборави слаткото кари на излез од самопослуга.
Без оглед дали е абецеда, азбука или алфабет, подредувањето на нештата по утврден редослед на почетната буква може да изгледа неутрално и без големо значење. Но престанува да биде такво кога ќе се спореди со не-алфабетски јазици, кои се потпираат на идеограми или слогови, и кои често се приморани да се прилагодат на глобалната доминација на oние другите.
Колку често имаме прилика да видиме монголски филм, да го слушнеме јазикот и да го впиеме широкиот пејзаж во којшто живеат номадските народи во оваа земја? Во јуртите е топло и безбедно, но среде непрегледните пасишта се појавуваат странски компании и диви копачи на злато кои се закануваат да го уништат традиционалниот начин на живот, и животот воопшто.
На 11 ноември 1821 во Москва се раѓа благородник, чие презиме потекнува од селото Достоево, каде бил доделен имот на татко му. Несуден воен инженер, тој станува одметник, коцкар и бунтовник, се прославува како писател и филозоф, и умира како руско национално богатство, но и светски класик. Вистински достојник, на кого Македонија денес му оддава почит со серија настани и нови преводи на негови раскази.
Прашани каков внатрешен глас слушаат кога си зборуваат самите со себе луѓето најчесто велат - сопствениот. Но има и такви кои признаваат дека во главата им се врти монолог кој како да се прикажува на телевизија, или како да доаѓа од подрум. А замислете тоа да е пар кој постојано се кара меѓусебно?
Нова книга на Ребека Солнит (излезена вчера, 19.10), под наслов „Ружите на Орвел“ почнува од неговата градина во селото Волингтон, каде таа при истражувањето наишла на расцветани рози кои тој ги посадил пред 80 години. Од тука следи приказна за врската на хобито на Орвел со неговите политички ставови, но и за значењето на ружите во историјата и книжевноста.
Нова изложба се состои од дела на Дони Џонсон, кој лежи во озлогласен затвор во северна Калифорнија и слика со четка направена од неговата коса. Таа ќе се отвори истовремено со премиерата на документарен филм за неговиот живот.
Дали може филм за порно ѕвезда да не биде самиот порно? Овој успева во тоа, иако вашето чувство за истото ќе зависи од тоа дали и какви филмови за возрасни сте гледале до сега. Од друга страна, кој гледа документарец за Нина Симон ако никогаш не слушнал ниедна нејзина песна?
Пред три години, мала група научници на германски универзитет покренале соработка со војската - користејќи книжевни дела во обид да се укаже на потенцијални идни конфликти во светот.
Минатата недела, на 86 години, почина Џенет Малком (родено име Јана Виенерова, по потекло од Чешка), американската новинарка која критички го истражуваше односот помеѓу авторот и неговиот „субјект“ и можните злоупотреби од обете страни.
Околу Медитеранот невените (calendula officinalis) се одгледувани како лековити растенија од праисториски времиња. Она што не е толку познато е потеклото на нивното латинско име. Како и тоа дека можат и да се јадат, како додаток во чорби и салати.
Издавањето на книгата претставува завршница на повеќегодишен судски спор помеѓу законските наследници на aвторот на „Малиот принц“ и оние на неговата сопруга Консуела.
Од средината на 1970-тите речиси секој џез музичар имал примерок од истата книга. Со кремаста насловна, нападно лого и црна пластична спирала, таа додуша повеќе личела на скрипта. Внатре имало нотни записи за стотици популарни џез мелодии, испишани со рака. Книгата се викала - Реална.
Можеби сте го гледале филмот „21 грам“ со Шон Пен, Наоми Вотс и Бенисио дел Торо. Насловот потекнува од верувањето дека толку тежи човечката душа, кога ќе го напушти човечкото тело по смртта. Но не станува збор за фолклор, туку научна студија објавена на почетокот на 20 век.
По објавувањето на сторијата за шпанскиот дипломат кој спасил 150 македонски Евреи, дознавме за приказната на Соломон Адизес, еден од преживеаните од таа страшна 1943, кога бугарската војска од железничката станица во Скопје испратила повеќе од 7000 Евреи во логорот Треблинка.
За него сме пишувале и претходно. Делото се вика Organ²/ASLSP (As SLow aS Possible), неговата изведба е почната во 2001, а треба да трае до 2640. Местото е црква во Германија, и токму денес, 5.9., таму ќе се случи промената на следната нота. Не дека е за брзање, ама добро е да се знае.
Почитуван Трендо, почитувана редакција.
И јас напишав состав „Како го поминав летниот распуст“. Ама пошто сум голем и неодам на училиште нема пред кој да го прочитам и немам наставничка да ми го отцени. Така да ви го испраќам вас, па вие прочитајтего пред цел “клас” и отценетеме. Се надевам дека нема да заигра црвеното стило!