Читателски „Како го поминав летниот распуст“ писма

Почитуван Трендо, почитувана редакција.
И јас напишав состав „Како го поминав летниот распуст“. Ама пошто сум голем и неодам на училиште нема пред кој да го прочитам и немам наставничка да ми го отцени. Така да ви го испраќам вас, па вие прочитајтего пред цел “клас” и отценетеме. Се надевам дека нема да заигра црвеното стило!

Лето 2020!

Во иднина ќе биди познато како Корона лето. Имав среќа па еве ме на море. Место да читам книги си реков да пишам!

Ќе го биди летото? Нема да го биди!

Ќе се оди на море? Нема да се оди!

Граници затворени, мерки и протоколи секој ден различи. Де можи да се оди, де неможи, де негативен тест треба, де работна дозвола треба. И јас поќе незнаев шо треба!

И ОП, евеме во Подстрана, Сплит.

Само шо паркиравме пред куќа вика некој:

-Ејјјј Македонци! Шо наваму? На одмор?

-Не! За работа идиме. Вие?

- На одмор сме ние. Ајде за убо нека е! Со лес нека е.

-Фала. Поздрав, убо да си помините!

Шо стори си велам Охрид да појдевме поголема е веројатноста прво странец да ни зборни отколку овде Македонец. Јебига, сегде нè има.

Го отворив куферо купачите да ги барам. Шо сака нека биди ама да се шлапнам прво во вода. Уствари да се шлапнам в море! Оти ако ме разберат овие Далматинците дека морето вода го викам ќе биди тешко мене.

Се изнамачкав со фактор 50ка да не изгорам демек. Како прво излегвање да ми е на сонце. А пред една недела Растојца ко му го местев базено на Јана бев по синдикалка слечен, па замислете како ме чвркна сонцето. А уште од априлскиот карантин шо го поминав на џам во Фламинго Охрид лицето и рацете до над лакто ми беа перфектно исунчани. И така целиот шарено сунчан ги наврев купачите, крпата околу врат и шајка на плажа.

Али прво јебига мораш Јадранска магистрала да ја преминиш. Чудна работа! Ја нема онаа препознатлива колона од коли која се движи со 3 на сат и ако си тргнал за Сплит ќе ти треба еден сат да ги поминиш тие 7км. Без да се прекрстам и помолам на Бога да ме пази дур ја преминвам улицата како лани, ја преминав. Гледам еден пар млади де нагоре, де надолу по улицата, незнат кај тераат и незнат шо барат.

-Sorry! ми велат. Do you speak English?

Абре аман си велам кај ме најдоа мене да ме прашват сега. Синкир поќе знам од нив. Ко Виена зимата. А излезев од работа на пуш пауза пред трговски обавезно некој клошар цигара ќе ме гребнеше и некој за некоја адреса ќе ме прашаше без да знај дека јас кутрио со google maps идам и се враќам од работа. Али шо е тука е панека прашват.

-Yes!

 -Do you know where is the beach?

-Аааа, за бичо ме прашвате? Of course. Folow me!

-Where are you from? ги прашвам.

-Holand!

-Аааа! Зато сте по изгубени Германци од Германците.

-Just, Folow me!

Шлап-шлап со влечките по скали се спуштивме кон Лав хотелот.

И евего! Се појави синилото предмене. Чисто, мирно, како само мене да ме чекаше. Море, и јас одвај чекав да те видам.

Неможев да не ја заприметам лежалката врзана измеѓу двете дрва. Госпоѓата оптегната, чачка во телефонот и му викна (ваљда) на мажот му кој во тревникот држејки во едната рака најлонче шеташе една пудлица.

-A je ze pokakala?

-Ne!

-Mora se pokakti zdaj, gliha kar je vodo popila.

Море си велам како си ја редат овие Словенките работата, алал да му е! Таа оптегната, а тој нека збира лајна од кучето нејзино.

Одма тука под сенките на патеката седи Анџа. Мора да е Анџа, се познава дека е Далматинка. Висока 1,90 и 4 деца околу неа. Незнајш дали сите се нејзини или можда од комшилукот ги собрала. Ама по стриите на стомакот мора да се нејзини. Сама е! Шо значи дека мажот му е морепловец па секое стапнување на копно ѝ прај по едно дете. Јуре најголемиот нуркаше и извади морски еж па ги збрка останатие да ги плаши со ежот. Чупињата врескаа и пискаа како Јана и Тамара ко ќе играат бркајнца Генимале пред куќа, а малиот Пере за да се спаси со се пелена избега в море. Ко се накисна та пелената одвај го извадоа од вода па Јуре за казна јаде шамар и имаше забрана од ure vremena да влегва во вода.

Ја послав крпата тро подалеку од галамава и прво да разгледам шо има околу мене. Лево од мене пар од педесетина години се сунча. Еднаш веќе изгореле, се излупиле и упорно седат на сонце па и новата кожа веќе им изгорела. Мора да се Данци си велам, тие побрзо би избрале да добијат рак на кожата одколку да се намачкаат со некаква заштита или да седнат подсенка.

Одма до нив Руси. Се знај дека се Руси, нема промаш. Тие двата млади со две деца и постара жена со нив која пази на децата. Е сега прашањето е која е оваа постарата жена? Да ја жалиш невестата ако дошла на одмор со свекрвата или зетот ако е со бабата. Ама можи и да се богати па ја носат и дадилката на одмор со нив? Ништо не се знај кај Русите освем то дека вечер ќе јадат шкампи. Ама од то шо јас досега сум го видел таа е свекрвата. Така да: невесто, издржи!

Влегов в море и се засилив да испливам до пловаците со кој е обележана плажата. Кај немам кондиција, кај сум пушач па дур стигнав до таму, искашлав кизнај колку балгами, го плукнав третиот крајник и пола белодробно крило. Сигурно на плажа си помислија дека имам Корона. Па уште ако знаеја дека доаѓам од Македонија Т.Е. земја со висок ризик, сите вид виделина ќе фатеја.

Е, ама затоа од овде можев да разгледам шо се дешава на цела плажа. Гледам лежалките од господа луѓе се зафатени. Британци сите. Книга во едната рака и џин тоник во другата. Денски умерено, ама од ко ќе се стемни оди напијги. И средството за дезинфекција ќе го испијат ако нема друг алкохол.

Се испулив кон марината, сите јахти закотвени. Закрцана марината како паркингот на Јавор во петок. Значи ништо од ексклузивниот туризам за богати гости годинава.

Гледам до крпата моја на плажа се сместува голема група на луѓе. Бучни и развикват до Брач можат да ги слушнат. Бегај Златко пливај кон брегот оти овие Пољаците на крпа ќе ти легнат. Извадоа од фрижидерчињата водка, пива, мачкаат паштети, отвораат нарезаци, грицкаат корнишони! Абе исто како Битолчаните во Охрид годинава т.е. Калитеа лани и предлани......

Ете понив и Чеси дојдоа. На нозе сандалки и товарени незнајте колку. Душек надуен, фламинго, гума за пливање, пераи, јадица, мрежа, маска за нуркање, столици на расклопвање, весла две, .... и до утре можам да набројувам. Пола плажа ја зафатија. Чудно ми дојде за веслата. Чамец немаа! За шо му се весла? И оп, го извадоа од еден најлон и чамецот. Почна Чехот да го пумпа со една пумпа. Нема мир си велам овде туку да одам до меана на едно пиво.

Е меаната друга приказна, за разлика од лани и хостеса вработиле да привлеква гости. Фина, згодна, љубезна и ми се обрати на англиски. Питао сам на далатински: Јел се може ту само пиче попит? и ме смести до еден постар пар од околу 50 години. Германци беа. Германците можиш да ги познајш и по то како го гледаат морето. На плажа не одат многу, ама затоа погледот цело време им е кон морето. Пред него кригла пиво, а таа чаша бело вино. Запулени во морето ни муабет меѓусебе ни ништо. Како да се хипнотизирани или недај боже некој да му има напраено некоја црна магија . Мезеа пршута и тврди сирења и единствено можиш глас да му слушниш ко ќе порачват по уште една пијачка. Абе супер гости! Културни, педантни, и масата ќе ја расчистат на крајо и обавезно бакшиш ќе ти остат. Ко ќе му заврши одморот обавезно ќе одат да се поздрават со морето и ќе му обетат дека догонина пак ќе дојдат, да ги чека. ЕЕЕЕ, ама морето неможи да му обети дека ќе ги чека и дека пак ќе биди тука. Јебига ова е Далмација! И Далматинците можат да речат: Пун ми је курац вас, ајте сви Ча! Нема више сезоне. Али то го велат тек во деветти месец. На пролет им поминва и одвај чекаат сезона да крене, па да зараде и да плате оне цвике од тисучу еура шта су узели.

Десно од мене две Американки. Згодни, убај, од оние инфлуерцентките или како и да се викаат тие ше се цело време на инстаграм. Се знаеше дека се од Америка по тоа колку се жалеа и приговараа дека овде не е како шо очекувале да биди. Во Америка било поинаку.

Прво си праеа муабет дека коктелите не биле доволно украсени и убај па кизнај дали ќе собереле лајкој. После се жалеа дека одвај нашле автоматик рентакар и многу мал бил карот! Овде и стритојте биле тесни. Во Америка се било поголемо! И бичојте биле поголеми, сандо поситен, и валојте поголеми па можеле и да сурфат таму, а овде за џабе ги носеле бордојте. Абе да ти е "мерак" да ги слушаш. Слушнав дека имаат комплејн дека немало брич до Хвар па за џабе зеле рентакар ко неможеле сонего ту го. А на Хвар ис тхе најт ливе! Нот ин тис шити Подстрана. Како то Кроација не избилдала брич до Хвар? Менхетен бил конектед со ландо со 100 брича!

Да се смешам во муабето се прашвам? Да им кажам дека Менхетен е одделен од копното со река и дека нема 100 мостој туку 21. Не оти сум бил па да ги избројам ама филмо го имам гледано и така знам. И Хрватите можам да ги оправдам, ќе им кажам дека сакаа да напрат мост, ама оние "дивите" чоеци од Брач не дозволуваат да врви мосто низ нивното место и да им го нагрди островот.

Биди Златко бар еднаш Германец во животот! Пулисе во морето и уживај. Не се тура ум со инка.

Застана еден со точак пред меана. Валкан, изгужван во алиштата, абе батал целиот. и маицата однопаку му беше облечена. Издраскан по нозете, целио искасан од комарци цел рана до рана. Ама зато гордо го закачил знамето француско на точак. Не е можно будалиот да дошол од Франција со точак? Ама според то како изгледаше, така има дојдено. И то идел преку планини и низ грмушки па зато беше толку издраскан. Седна на првата маса шо ја најде слободна и порача еспресо и кроасан. Кроасан немаше па му дојсоа некоја торта. На келнеро му даде 3-4 телефони за да ги клај да се наполнат. Сигурно ќе лапни келнерот бакшиш од 10 центи за услугата.

Застана постар пар да го чита изложеното мени. Им пријде хостесата да им помогни, да им објасни. А тие no, no, we are just looking! Еднио го чита менито другио гугла и чита препораки за ресторанот и бара слики да види како изгледа то шо го има на менито. Сето то траеше едно 5 минути. Не се кандисаа да влезат, ама затоа седнаа во кафичот одма до ресторанот. Порача капучино и кафе лате. Добро бе си велам толку истражување за две кафиња? Ама такви се Швеѓаните! Ништо чудно и одделно да платат.

Еве ги и домашните, редовните гости. Скипери кои ги врзуваат бродовите во лучицата. Е сега! Тие неможи во никаков случај да влезат заедно. Стипе, Иве, Бепо и Мире и да се договориле да се најдат тука нема да дојдат заедно. Од моето келнерско искуство овде во Далмација сватив дека четворица Далматинци влегват в кафана на пет пати. Е како? Обавезно еден од нив има забораено нешто и само шо ќе појдиш да го послужиш излегва за да го земи. Така да џабе си пошол до маса. Ти ги поздравуваш со добар ден, а тие занесени во то шо го зборат на маса рецка не ти мават. И откако некој од веќе присутните на маса ќе им кажи дека келнерот е веќе тука, ти се обраќаат со камо ти добар дан? И ти откако ќе се извиниш дека не си ги поздравил, ќе ти кажат дека незнаат шо сакат, ќе се испулат шо пијат другите, ќе ти кажат дека се уморни, дека сега само шо марендале, дека биле кизнај каде, и дека таму се напиле нешто и ќе побараат нешто шо знат дека го нема (јебига секој ден се тука).

Е дури тогаш ќе се одлучат дека сакат пиво! Е сега прашањето е: колку пиво? Дали пола литре, дали три деци или можда два деци? Ќе му кажиш дека за два деци не ти се исплаќа да валкаш чаша па одма у средину и дај три деци. Како шо порачват за себе и обавезно тура и за тие шо се веќе намаса, така да пред тој шо седнал прв за 10 минути можи да има 4 пива од по 3 деци. Во пари то ти изгледа вака:

Првиот за плаќање има 1 пиво т.е 15 куни,

Вториот 2 т.е 30

Третиот 3 т.е. 45, и

Четвртиот 3 т.е 45, зато шо првиот веќе се испијанил и неможи поќе, ама зато радо би викнал и тој тура за останатите.

Така да првиот има за плаќање 60.

Е зато во Далмација е зезнато да седниш прв в кафана. Најскапо е! ( Зошто ко користам зборот кафана? Овде Коноба се вика! Нек ми сви опросте!)

Ко ќе дојди време за плаќање е друга приказна. Обавезно двајца не носат пари со нив и ќе ти се пишат. Муабетите шо ги прат му се исти како на таксистите во Битола. Кој до кај возел, дали јака женска возел, па колку бакшиш зеле и нормално шо поправки на бродот се напраени во последното денонокие. Е сега овие морски таксисти за разлика од копнените место плочки менват пропелери, место ново миривче за в кола земаат ново јаже за врзвање, а предност им е шо лагерите не им бучат. Ама зато можи да им се расипи пумпата за празнење на вецето и да им се засмрди цел брод.

Се наближа времето за одење на работа. Јебига не сум на одмор дојден. Си платив и тргнав за во веце да мочам. Маска требало за во затворен простор и не ме пуштат внатре. Се вратив на плажа да се искапам уште еднаш и да мочам в море. Кој ќе се стегал до дома.

Чехот тогаш завршваше до чамецот видно нервозен и доста вџашен шо од пумпањето шо од сонцето. Му рече нешто та жената негова и тој само и викна:

- Di do prdele! И замина да пие пиво в меана.

На женаму не и беше гајле дека ја отера у пичку матер, па се слече топлес и легна да се сунча.

Пољаците имаа рснато некое нивно техно на звучник па сите околу нив полека, полека се собираа и бегаа.

Словенката имаше задремано па мажот му ја покриваше со една крпа да не настини случајно.

А јас? Јас да невлегвам само до полојна и да сети некој дека само за мочање влегов, појдов до длабокото. Излегов и така воден тргнав за дома да се спремам за на работа.

А Холанѓаните? Да не ги заборам Холанѓаните! Тие уште чпартаа нагоре надолу по плажа и бараа место кај да се сместат.

Златко Сотировски

29 август 2020 - 16:44