„Во Украина се чини правилата се сменија и фудбалот е глупаво натпреварување“, стои кај еден нивен Твитерџија после смејуријава што им се случи. Ама тој не видел кај нас на кое дереџе е фудбалот.
Свеченото отворање на стадионот во Припјат било планирано за 27 април 1986-та година - локалниот клуб Строител требал да игра против ФК Машиностроител од местото Бородјанка во рамки на полуфинале на Купот на Киевска област.
Италијанските медиуми не застануваат со темата Горан Пандев. Јубилејот на македонската легенда беше инспирација за Скајспорт да ја стокми топ 20 листата на најефикасни странци во историјата на италијанскиот фудбал. Друштвото е елитно.
„Серија А ја следам од деновите на Саки, а мојата максима е една. Не треба Италија да ме повика мене, јас ќе ја повикам со силата на резултатите. Не можам да го сварам тоа кога ќе забележам дека Пандев, Несторовски, Елмас, кај вас добиваат мала минутажа. Кај мене ќе имаат вечна доверба“.
Во најголемата вечер за женскиот фудбал на Северна Ирска во која селекцијата на оваа земја обезбеди прв историски пласман на Европско првенство 2022, Украинката Натја Пантусулаја потсети на касапинот Пепе
По цела една година и кусур празни и пусти стадиони, фудбалот наскоро колку толку ќе добие поголем драж. ЕП 2020 дефинитивно ќе се игра со навивачи. Стадионите нема да бидат фул, ама со оглед на лудово време и ова е добро.
Со секогаш расположениот Рики може да зборувате со саати на различни теми и секогаш да ви биде сè поинтересно. Има животна приказна во него вредна документарец. Тргна од скопскиот асфалт и стигна до фантастични фудбалски висини. До момент Жозе Мурињо да му донесе поклон специјално за него.
Се искомплицира авантурата на македонските навивачи кои планираат на лице место да ги бодрат Пандев и другарите. Бројот на карти ќе биде многу лимитиран и нема да може да се седи на двата меча кои ги играме во Романија.
Со гол на Осман Дембеле и автогол на Серхеј Малји, Франција го совлада Казахстан на гости со 0-2 и се извади по киксот 1:1 со Украина. На прес после мечот казахстански новинар го праша Дешам прашање со кое француските новинари го дават со години.
Во актуелниве квалификации за Светско првенство 2022 уште еднаш се докажа дека ВАР е многу потребен секогаш и секаде. Се случија две големи судиски грешки кои директно влијаеа на крајниот исход.
Со подробни анализи и тестови, холандската кралска фудбалска федерација прави експерименти и враќа публика на стадионите, со цел да го врати нормалниот живот.
Просто не се памти кога човекот дал обичен, просечен, секојдневен гол. Или прави мајсторија со пета или дрибла пола одбрана или лупа во агол од далечина како вечерва на мечот Франција - Украина (1-1) во квалификации за Светско 2022.
Поради преместување на Европското првенство 2020 за летово, репрезентациите одамна не играле сериозни натпревари. Македонската фудбалска селекција својот последен меч го одигра на 18 ноември лани против Ерменија на гости во Лига на нации.
Сергеј Сидорчук од Динамо Киев е дефинитивно стрелецот на најјакиот гол на сезоната во Украина. Падна на гостувањето против Зорја Луганск. Спектакл за гледање.
Романските власти го прифатиле предлогот на локалната структура за организација на Евро 2020 - на натпреварите кои ќе се играат во Букурешт, а каде игра и Македонија, да има 25% од капацитетот на огромната Арена.
Пред магичниот Килијан Мбапе, само двајца фудбалери во историјата успеале да постигнат дури три гола против Барса во Лига на шампиони. Интересно и двајцата стигнаа до тоа во 1997-ма.
По очајните резултати, игра и пласман, Ракометната федерација на Македонија донесе очекувана и разумна одлука во однос на селекторската позиција на македонската репрезентација.
Фудбалската федерација на Македонија одлучи фудбалерите и стручниот штаб кои обезбедија историски пласман на Европско првенство следното лето, да добијат рекордна премија, најголема во историјата на македонскиот спорт.
Кога се вели дека во спортот не треба да се меша политика, се заборава дека политиката има големо влијание на спортот, посебно на фудбалот. Особено меѓународната политика.
Македонската фудбалска репрезентција вечерва во Цирих ја доби квалификациската група за Светско првенство 2022. Во Скопје ќе ни дојдат интересни противници, а со некои од нив никогаш не сме играле.
После 5 одиграни рунди веќе знаеме повеќе од пола патници во нокаут фазата - 9 екипи кои обезбедија пласман. Четири тима се сигурно први и ќе имаат предност на ждрепката за 1/8 финале.
Да, Оливие Жиру важи за оспоруван напаѓач, а всушност се работи за уште една стара коска меѓу напаѓачите или ако сакате старо добро вино. Сам ја потепа Севиља со 4 комада и му донесе прво место на Челси на едно коло до крај.
Во понеделникот вечер Германскиот фудбалски сојуз (DFB) објави: На Евро2020 репрезентацијата на Германија ќе ја води селекторот Јоаким Лев и нема никакви промени. Ова е дополнителен удар на интересот на германската јавност за бундестимот.