На 26 април 2021 година се навршија 35 години од трагичната хаварија на Чернобилската нуклеарна централа.
Градот Припјат на територија на Украина на сама граница со Белорусија стана мистериозна и опасна зона, а пред неколку години го привлече вниманието на американската тв платформа HBO која сними истоимен серијал за хаваријата.
А во Припјат, град кој во СССР бил изграден за вработените во нуклеарната централа, се играл и фудбал.
Во градот изградиле и современ стадион со капацитет од 5.000 седишта со покрив над трибините и рефлектори. Отворањето било предвидено за 27 април 1986 година. Домашниот клуб Строител требал да игра со Машиностроител од Бородјанка во полуфинале на Купот на Киевска област.
Што се случило на ден пред мечот сите знаат.