Квалификации за Светско 2022

Македонија со Германија, Исланд, Романија ќе се бори за Светско

Македонската фудбалска репрезентција вечерва во Цирих ја доби квалификациската група за Светско првенство 2022. Во Скопје ќе ни дојдат интересни противници, а со некои од нив никогаш не сме играле.

Заедно со директорот на натпреварувања во ФИФА, ждрепката ја влечеа Даниеле Де Роси и Рафаел ван дер Варт. Првите 5 групи (А-Е) се со по 5 репрезентација, а вторите 5 (Ф-Ј) по 6 селекции.

Група А; ПОРТУГАЛИЈА, СРБИЈА, РЕПУБЛИКА ИРСКА, ЛУКСЕМБУРГ, АЗЕРБЕЈЏАН
Група Б: ШПАНИЈА, ШВЕДСКА, ГРЦИЈА, ГРУЗИЈА, КОСОВО,
Група Ц: ИТАЛИЈА, ШВАЈЦАРИЈА, СЕВЕРНА ИРСКА, БУГАРИЈА, ЛИТВАНИЈА,
Група Д: ФРАНЦИЈА, УКРАИНА, ФИНСКА, БИХ, КАЗАХСТАН
Група Е: БЕЛГИЈА, ВЕЛС, ЧЕШКА РЕПУБЛИКА, БЕЛОРУСИЈА, ЕСТОНИЈА
Група Ф: ДАНСКА, АВСТРИЈА, ШКОТСКА, ИЗРАЕЛ, ФАРСКИ ОСТРОВИ, МОЛДАВИЈА
Група Г: ХОЛАНДИЈА, ТУРЦИЈА, НОРВЕШКА, ЦРНА ГОРА, ЛАТВИЈА, ГИБРАЛТАР
Група Х: ХРВАТСКА, СЛОВАЧКА, РУСИЈА, СЛОВЕНИЈА, КИПАР, МАЛТА
Група И: АНГЛИЈА, ПОЛСКА, УНГАРИЈА, АЛБАНИЈА, АНДОРА, САН МАРИНО
Група Ј: ГЕРМАНИЈА, РОМАНИЈА, ИСЛАНД,
МАКЕДОНИЈА, ЕРМЕНИЈА, ЛИХТЕНШТАЈН

Натпреварите од првото коло се закажани за 24-25 март, а последното десетто коло на 14-16 ноември идната година.  Од 5 репрезентации во нашата група Ј, досега во минатото сме играле против Романија, Исланд, Лихтенштајн и Ерменија. Со Германија немаме меѓусебни натпревари.

Мундијалот во Катар е закажан за последните два месеци во 2022. Според планот, Светското ќе се игра од 21 ноември до 18 декември (прво „зимско“ Светско првенство поради високите температури во Катар).

Во моментов сигурен учесник е само земјата домаќин, а останатите 31 селекција ќе ги дознаеме по крајот на квалификациите и баражот.

Светското 2020 ќе има 32 репрезентации од 6 конфедерации на ФИФА: Европа (УЕФА), Јужна Америка (КОНМЕБОЛ), Северна и Централна Америка и Кариби (КОНКАКАФ), Азија (АФЦ), Африка (ЦАФ) и Океанија (ОФЦ).

Европа ќе даде 13 репрезентации (Јужна Америка 4,5, Африка 5, Северна Америка 3,5, Азија 4,5, Океанија - 0,5). Претходно 55 селекции членки на УЕФА ќе се борат во 10 квалификациски групи од март до ноември 2021 година за тие 13 места. Патот е далеку потежок затоа што за разлика од Европско првенство кое ќе има 24 учесници, на Мундијалот ќе има само 13 селекции од Европа.

Победниците од секоја група ќе обезбедат директен пласман на Светско 2020 во Катар. Второпласираните во секоја група ќе ги чека бараж (плејоф) предвиден за март 2022.

Во баражот ќе се приклучат и две најдобро пласирани репрезентации од Лига на нации кои претходно нема да изборат пласман од своите групи во квалифиациите.

Баражот ќе има 12 селекции поделени во три посебни патеки а ќе се игра полуфинале и финале.

ФИФА пред ждрепката воведе рестрикции на прекумерни патувања, а во иста група нема да можат да се паднат ни репрезентации од земји кои биле во меѓусебен воен конфликт.

Поради оддалеченоста едни од други (прекумерни патувања), ФИФА реши во иста група со Казахстан да не може да се паднат: Андора (Барселона, Шпанија), Англија (Лондон), Фарски Острови, Гибралтар, Исланд (Рејкјавик), Малта (Валета), Северна Ирска (Белфаст), Португалија (Лисабон), Република Ирска (Даблин), Шкотска (Единбург), Шпанија (Мадрид), Велс (Кардиф).

Истото важи и за Азербејџан со Исланд, Гибралтар и Португалија, како и за Исланд со Ерменија, Кипар, Грузија и Израел. Поради посилни зими, во иста група не можеа да паднат ниту повеќе од 2 селекции од земјите: Белорусија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка, Русија и Украина.

Од политички причини и воени конфликти во минатото, ФИФА не дозволи можни средби меѓу: Ерменија/Азербејџан, Гибралтар/Шпанија, БиХ/Косово, Србија/Косово, Русија/Косово и Русија/Украина.