Минатото лето останавме без Европско со надеж дека ова лето ќе го гледаме раат и ќе направиме инвазија во Букурешт. Ама проклетиот Ковид 19 не попушта и го ограничува ќеифот на македонските навивачи.
Надежта беше дека за двата натпревари во Букурешт македонците ќе направат инвазија и ќе ги бодрат на лице место во бројка околу 10.000, една третина од капацитетот на стадионот, но УЕФА е приморана да воведе правила поради ситуацијата со пандемијата.
Официјалната одлука е на националната арена во Букурешт да има 25% публика или вкупно 13.000 гледачи по што треба дополнително да се утврди по колку билети ќе им следуваат на федерациите.
Второто правило е во Романија нема да може да се тера туризам, туку на граница ќе мора да се покаже карта за натпревар и престојот мора да биде ограничен на 48 часа.
Тоа значи дека тој што планира да патува за Букурешт ќе може да оди со обезбедена карта за мечот, да преспие и следниот ден да замине. Не постои можност да ги врзе со еден престој двата меча на 13 јуни против Австрија и на 17-ти против Украина.
Сите навивачи ќе бидат тестирани на денот на одигрување на натпреварот, а оваа мерка УЕФА најавува дека ќе ја помогне финансиски.
Третиот натпревар од групната фаза Македонија го игра на 21 јуни во Амстердам.