Пред секоја ждрепка ФИФА и УЕФА ограничуваат некои исходи, како што беше последниот пример при влечење на квалификациските групи за Светско 2022.
Поради тоа што нивните држави имале воени или какви било други конфликти, едни со други не можеа да се паднат: Азербејџан и Ерменија, Гибралтар и Шпанија, Косово и Босна и Херцеговина, Косово и Русија, Русија и Украина и Косово и Србија.
Ако за односите меѓу Ерменија-Азербејџан, Русија-Украина и Србија-Косово е горе-долу сè јасно, за другите има нејаснотии.
Например, Шпанија го смета Гибралтар за своја територија која што е незаконски окупирана и отуѓена поради што Шпанците имаат натегнат однос со Велика Британија (по повод Гибралтар).
Во Босна и Херцеговина речиси половина територија е Република Српска каде живеат етнички Срби и државата уште го нема признаено Косово.
Русија е исто меѓу земјите кои не го признаваат Косово и често Русите одбиваа да играат на територија на непризната земја.
Спортисти од Руската Федерација и од Косово првпат требаше да се сретнат во рамките на квалификациите за Европско првенство за женски фудбал. УЕФА не сакаше проблеми па ги раздвои овие две селекции во други групи.
Во понеделникот при ждрепката за Светско првенство 2022 во Катар, Косово го извлекоа во група со Србија, но автоматски веднаш беше префрлено во друга група поради рестрикциите на ФИФА.
Косово западна во група со Шпанија, Шведска, Грузија и Грција. Интересно дури три земји од оваа група не ја признаваат независноста на Косово. Особено тврд став има Шпанија.
Шпанските медиуми веќе нагласуваат дека федерацијата ќе бара од ФИФА и УЕФА натпреварите со Косово да ги игра на неутрален терен кога веќе мора да игра против нив.
Првиот човек на УЕФА Александар Чеферин во мај 2019-та изјави: „Нашата политика ги обврзува сите други тимови да играат против репрезентацијата и клубовите од Косово на сопствена територија или на територија на Косово“.
Во фудбалската федерација на Косово сметаат дека правото е на нивна страна: „Шпанија има право да бара мечот да се игра на неутрална територија кога тие ќе бидат домаќин. Но ние како домаќини сакаме да играме со Шпанија во Приштина. Во група три земји не нè признаваат, но видовме во Лига на нации дека за Грција тоа не е проблем“.
Шпанија е една од најголемите држави на светот која не ја признава независноста на Косово и од самиот почеток ја поддржуваа позицијата на Србија. Шпанците настапуваа против независноста на Косово поради Каталонија.
Официјален Мадрид нема намера да ја признае едностраната независност на спорниот регион затоа што тоа ќе ѝ даде директен повод на Каталонија да тргне во посилна офанзива за отцепување од Шпанија.
Грузија исто не го признава Косово поради регионот Абхазија и Јужна Осетија кој исто така еднострано се отцепи но не е признат од УН, ОСЦЕ, ЕУ итн. Од аспект на дозвола на спортистите да играат против Косово, немаат проблем ни Грција ни Грузија. Барем немаа за сега.
Во февруари 2019-та УЕФА мораше да премести меч од квалифиации за Европско првенство У-17 поради тоа што Шпанците одбиле да стојат под знаме на Косово и да слушаат нивна химна.
На тој турнир сите натпревари, па таа и оној на Шпанците со Косоварите се играа во швајцарски Нион и тоа само откако Шпанија се согласи со барањата на Меѓународниот олимписки комитет на 6 месеци пред Европското првенство, да ги уважува правата на косовските спортисти.
Во 2018-та министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозеп Борел изјави: „Ние нема да бидеме светиот Папа римски. Ако Србија се договори со отцепениот регион, тогаш признавањето ќе биде поедноставно“. Од останатите земји членки на Европската унија, Косово како независна држава не го признаваат Грција, Кипар, Словачка и Романија. Сите тие имаат спорни реони со поголем број малцинства кои бараат независност (пример Северен Кипар).