Ангеловски: Научив од Гасперини, Јуриќ и силниот Палермо, а му се восхитувам на Манчини

„Серија А ја следам од деновите на Саки, а мојата максима е една. Не треба Италија да ме повика мене, јас ќе ја повикам со силата на резултатите. Не можам да го сварам тоа кога ќе забележам дека Пандев, Несторовски, Елмас, кај вас добиваат мала минутажа. Кај мене ќе имаат вечна доверба“.

Игор Ангеловски дистрибуира таблети мудрост. Човекот е амбициозен, тој неодамна го погоди џек потот во Германија во квалификации за СП, не на тренинг натпревар во четврток. А Европското во доаѓање го прават реализиран селектор. Со Македонија влезе во историјата на своите 45 години, стои во најавата на италијанскиот сајт alfredopedulla.com кој направи интересно интервју со селекторот на Македонија.

Ангеловски, 31 март 2021. Германија – Македонија 1:2. Фантастично нели?

- Пандев во 45-та минута од прво полувреме, Елмас во 40-та од второ. Нема да можам да го избришам тоа од меморија, се сеќавам на илјадниците пораки после мечот. Но имав една потреба после мечот.

Која?

- Да и се јавам на сопругата која беше заразена со Ковид. Таа беше во екстаза за мене, а јас бев загрижен за неа. Сега работите се подобри.

Опишете го вашиот фудбал?

- Ние гледаме напред и создаваме. Не е забрането да ја рогнеш топката во трибина кога имаш тешкотии, но забрането е кога треба да играш и не си достоен.

Остваривте неверојатни бројки.

-Кога ја презедов Македонија бевме 166-ти на рангот на ФИФА. Шест години подоцна се искачивме на 62-ро. Ми се чини дека сонувам. Тошак и Катанец можеа да направат малку.

Зошто?

- Македонија беше загатка. Требаше да се смени менталитетот на младите со турски, албански, бугарски, српски корени. Од сè по малку. Сега ја слушаме химната и ни доаѓаат морници, но без Горан ќе беше невозможно.

Горан Пандев.

- Му објаснив дека неговото враќање е од суштинско значење. Ни требаше назад лидерот. Не можете да сфатите што претставува Горан за нас. Повеќе од Модриќ за Хрватска.

Дури до толку?

- Во споредба со Лука, еве ја разликата. Пандев покрај себе нема играчи од Барселона или Челси. Значи мора да возите со моќта на идеите. Горан беше фантастичен.

Дебитиравте за репрезентацијата со победа.

- Да, 4:1 против Црна Гора. Имав 37 години, но почувствував дека ако играме така, нема да одиме далеку. Научив од Гасперини и Јуриќ, од силниот Палермо со Дибала, Васкез, Иличиќ и Миколи. Кажете ми сега вие каде се Гасперини и Јуриќ?

Сега се тренери кои ги има на насловните страници.

- Гасперини го нуди најдобриот фудбал во Серија А. Јуриќ е чудовиште за работа. Ми требаа два натпревари против Италија за да го разберам напредокот.

Кажете ни за нив.

- На првиот меч водевме 2:1 и јас извадив од игра еден напаѓач, дозволувајќи им на Бонучи и Кјелини да ги освојат тие дваесетина метри што и овозможија на Италија да се опорави. На реваншот ги избегнав истите грешки и излеговме непоразени од Торино, 1:1 заврши.

Како се победува Германија?

- Со знаците од претходниот меч против Романија. Заврши 3:2 за нив, но ние создадовме уште пет чисти шанси за гол. Кога ќе се соочиш со голем противник, не можеш да останеш позади заглавен и да загубиш 1:0. Која би била поентата? Таа вечер против Германија два пати погодивме со отворена игра со петмина наши во шеснаесетник. Дали знаете што е задоволството?

Што е?

- Израмнувањето на Гундоган ќе донесеше пресврт против секого. Друг да беше ќе чекаше, 1:1 ќе беше трофеј, но ние не престанавме да веруваме. Тој гол на Елмас беше награда за нашата храброст. Ги прочитавме предвидувањата?

Искрено не.

- Не ставија како фаворити во групата за ЕП. Ние и Холандија пред Украина и Австрија. Не знам каде ќе стигнеме, но знам како ќе се однесуваме. Ќе играме фудбал.

Жалите ли за нешто?

- Да, кога ќе забележам дека Пандев, Несторовски, Елмас, кај вас добиваат мала минутажа. Тоа е нешто што не можам да го сварам. Кај мене ќе имаат вечна доверба.

Кога ќе заврши вашето со Македонија?

- Не знам, но мојот наследник ќе ми се заблагодари. Ќе му оставам во наследство екипиште.

-Дали би ја посакале Серија А?

- Ја следам од деновите на Саки, а му се восхитувам на Манчини. Мојата максима е една.

Ќе ни ја кажете?

- Не треба Италија да ме повика мене, јас ќе ја повикам со силата на резултатите. Горе-долу како Ивиќ.

Не ја разбираме паралелата.

- Ивиќ освои четири титули по ред со Хајдук, но за да го забележат требаше да ги испрати во криза Хамбург на Хрубеш, Магат и Калц, историја од пред 40 години. Истиот тој Хамбург кој потоа ќе го загуби финалето ЛШ од Нотингем Форест. Ми треба таков успех и наскоро ќе бидам со вас.

Што е денеска Македонија?

- Земја со 2 милиони жители. Толку пораснав благодарение на фудбалот што кога читам што пишуваат за нас, изгледа како да сме 20 милиони.

Виа

20 април 2021 - 14:23