Националната библиотека на Грција наскоро ќе го напушти неокласичниот објект во центарот на Атина од 19 век и ќе се пресели во нов, супермодерен, конструиран од италијанскиот архитект Ренцо Пјано. Тоа подразбира преселба на дури 700.000 книги. И десет милиони евра.
Утро, 9 февруари. Пристигна мрачната вест дека починал Глоговац. И тоа само неколку недели после веста дека воопшто бил болен. Што? Како? Нешто не е во ред со космичката математика. Немаше ни педесет. Горостасен актер на врв на моќта! Како овој подол факт сега да се обработи во главата и во срцето? Каде да се паркира сето тоа?
Славниот француски филозоф има изјавено дека по неговата смрт не сака да бидат печатени неговите недовршени дела. Но оваа недела, по повеќе од 30 години од неговата смрт, во Франција ќе биде издадена негова нова книга, од издавачот Галимар.
Се случило во 1914, во лондонската Национална галерија на портрети. На сликата, која била намерно оштетена, е прикажан Томас Карлајл, еден од основачите на галеријата. А сторителот била жена по име Ан Хант, која го извршила делото како дел од милитантна кампања чија цел била жените да добијат право на глас.
Од сите книжевности на светот, најмистериозната припаѓа на Велигденските острови, денес чилеанска територија во југоисточниот Пацифик. Таа е напишана со писмо - ронгоронго - кoe сè уште никој не го дешифрирал. А можеби е и подобро тоа никогаш да не се случи.
Деновиве масовно се споделуваaт и се коментираат фотографии со „нова“ идеја за ентериерно уредување, поточно за уредување на полиците со книги. Која подразбира тие да се свртени обратно од вообичаено.
Кога во 1928 било комплетирано она што подоцна ќе стане Оксфордски речник на англискиот јазик, тоа било поздравено како референтно издание, неспоредливо по својот обем и методологија со кој било постоечки речник од сличен тип. Но неговиот уредник сепак не можел мирно да спие - заборавил на еден единствен збор!
Досегашната практика на користење донирани книги, или такви донесени од семејството и пријателите, за затвореници од три њујоршки затвори се укинува. Сега тие ќе мора да си ги купуваат книгите, и тоа од ограничен број издавачи и мал број наслови.
Телевизијата, филмовите и сериите се значаен извор на културолошки пораки за децата. Ако злите или пародизираните ликови во нивните омилени емисии зборуваат со странски акцент, дали тоа може да има импликации поврзани со начинот на кои тие го разбираат „другиот“?
Дали може список кој содржи ставки од типот „менувај чорапи“ да биде водилка за Новата? Може, особено ако тоа е комбинирано со „читај добри книги“ и „одржувај ја машината на надежта“. И ако е напишан од Вуди Гатри.
Иако она што секој од нас го подразбира под „добра“ музика веројатно нема да се смени, технологијата ќе направи (како што веќе прави) да се сменат многу работи околу она „музика“. Еве неколку од начините на кои ќе треба да се навикнеме. Или не.
Се смета дека Трофим Лисенко убил повеќе луѓе отколку кој и да е друг поединечен научник во историјата. А не дека немало јаки „убијци“, во вид на пронаоѓачи на динамит, отровен гас, атомски бомби. Сепак, сите тие можат вода да му носат на овој биолог.
Во 1820 во Франција била донесена првата жирафа, по име Зарафа. И самата не била свесна колкаво влијание ќе изврши не само врз зоолошкиот светоглед на тогашните Европејци, туку и врз нивната уметност, мода и ексцентрични фризури.
Семејни албуми, стаклени плочи и опрема за фотографска лабораторија кои му припаѓале на славниот француски автор на 4 декември ќе бидат понудени на продажба во галеријата Арткуријал во Париз.
Во 2014 пишувавме за почеток на необичен проект - собирање 100 специјално напишани дела (едно годишно) и нивно објавување во 2114 година. Првата одбрана авторка беше Маргарет Атвуд. Сега се обелодени и четвртата, познатата турска писателка Елиф Шафак.
1 режисер, 5 актери, 30 лика. Ќе почне да се дава на Телма, од 16 октомври 2017. во 22ч. Не е „Вљубениот ерген“ па подоцна да се вклучиш. Ова е мрднеш - губиш.
Во текстот кој го објавивме во пресрет на прогласувањето, во кој се предвидуваат можните потенцијални добитници на годинешнава Нобелова за литература, и покрај големиот број спомнати имиња, едно фали. Она на авторот кој денес се закити со ова високо признание.
„Љубопитноста ја уби мачката“, вели една англиска поговорка. Од друга страна недостатокот на љубопитност се смета за особина на мрзлив карактер, затворен за нови знаења и искуства. Ретко размислуваме за неа како за добра или лоша, и со право, затоа што љубопитноста е прилично комплексна работа.
На овогодинешното доделување Еми, за многумина неочекувано, доминираше дистописката серија правена според роман на Маргарет Атвуд, која победи во пет од категориите. Често означувана како „научна фантастика“, таа е всушност спекулативна фикција, составена од работи кои историски веќе се имаат случено.
„Краен рок“ се употребува за датум или време до кое треба нешто да се заврши. На англиски - deadline - звучи многу позаканувачки. И навистина, историјата на зборот има врска со линија и умирачки.