Новиот објект, Културен центар на фондацијата Ставрос Ниархос, е модерен комплекс со поглед на море, каде е сместена и грчката национална опера. Целиот процес на преселба на Националната библиотека во неговите простории се очекува да трае три месеци, а притоа ќе бидат ангажирани 500 луѓе, вработени во библиотеката и во Центарот.
Трошокот од 10.2 милиони евра за целиот проект ќе биде поделен помеѓу фондацијата Ниархос и државата. Освен над 700.000 книги, библиотечната збирка содржи и 30.000 списанија објавени во последните пет години, ретки книги и други материјали. Откако ќе биде отворена за јавноста, библиотеката ќе располага со осум читални со капацитет од 400 читатели. Пјано за внатрешното уредување предвидел разнобоен мебел, Кула од книги и истражувачки центар во нејзиното средиште.
Ставрос Спирос Ниархос (1909-1996), морнарички офицер за време на Втората светска војна, по нејзиното завршување станал мултимилијадер, со флота супертанкери кои пренесувале нафта за време на Суецката криза. Кога починал половина од богатството од 22 милијарди долари го оставил на фондација која денес го носи неговото име.
Извор: Ле Фигаро