Претходно Ешли Греам си кажа - за да имаат и плус-сајз девојките претстава за себе на интернет. Ама Кристи Бринкли има 67 години, и приказната ѝ е друга.
И покрај фаворитската улога, македонската ракометна репрезентација со многу тешкотии го доби гостувањето против Финска и со тоа го завери учеството на ЕП 2022.
Едниот 22 години, другиот 21. Бикот од Мајорка веќе почна да ги тероризира сите противници на земја и ги мелеше до мера да не сакаат да паднат против него на некој турнир. Ама Новак, уште недоволно зрел, покажа потенцијал дека може да му се носи на Шпанецот.
„Во овие 70 години ниту еден друг Македонец не бил кандидиран за најдобар играч во Европа. Е Дарко бил ставен во топ 100 играчи во Европа, па го ставиле во топ 10, па на крај завршил втор заедно со Савичевиќ. Епа сега нека заврши некој друг на тоа место“.
Нигериецот Симеон Точукву Нванкво - Сими и Бразилецот Жуниор Месиас се тандем со неверојатна животна приказна. Судбината ги споила во Кротоне каде ја заинтригираа европската фудбалска јавност. Даваат голови, асистираат и сакаат да останат во Серија А. А тргнале од 0.
Македонскиот голгетер Илија Несторовски доби голема поддршка за брзо закрепнување после операцијата на коленото која синоќа му ја извршија во Рим. Колегите му посакаа да се врати што посилен, а тој им се заблагодари на сите од постела и жали што нема да биде дел од Европското.
Треба да си ултра-спремен кога жена ти ВТОР ПАТ ќе те фати дека ја изневеруваш, и тоа ќе те види со девојка ти во парк како се гушкаш и се бацуваш, за да ѝ го смислиш ултра-глупото: „А бе не ја гушкам, баба ѝ умрела, па тешко ѝ е, да ја утешам.“
Додека УЕФА водеше битка со некаква Суперлига, во сенка остана еден друг важен момент. До денешен ден уште не е јасно кој град ќе ја задржи организацијата на Европско првенство летово.
Италијанските медиуми не застануваат со темата Горан Пандев. Јубилејот на македонската легенда беше инспирација за Скајспорт да ја стокми топ 20 листата на најефикасни странци во историјата на италијанскиот фудбал. Друштвото е елитно.
Кога во 21-та минута удри втор пат по Беневенто за конечни 2:2 и стигна до бројка од 100 гола во Серија А, Горан се доближи до камерата и кажа нешто. Тоа било поздрав до син му на кој му го честита 11-от роденденот со гол.
Со тоа што возрасните ќе бидат вакцинирани а децата не, се отвора една зезната, недоволно промислена димензија на пандемијата. Ќе дојдеме во глупа ситуација во која возрасните опуштено ќе се дружат, а децата ќе мораат да се дистанцираат и да носат маски.
Голем дел од претседателите на европските гиганти се „мала маца“ за некогашниот сопственик на Милан кој жареше и палеше ширум Европа. Кога тој смислувал идеја како да се офајди од УЕФА, другиве уште започнувале скромни бизниси.
Полека се чистат чаурите кои ги испукаа неколку богати претседатели на европски клубови кои сакаа да се одвојат. Идеи за вакво нешто потекнуваат одамна, не се од вчера.
По цели 30 години во елитната Бундеслига, Шалке 04 испаѓа во втора лига. После катастрофални резултати тимот од Гелзенкирхен заслужено се сели во понизок ранг, ама навивачите не го примија тоа добро и ги нападнаа фудбалерите кои се враќале од гостувањето кај Ариминија Билефелд (пораз 1:0).
Од вчера до денес немаше ниту еден позитивен коментар во врска со формирањето на Суперлигата, туку само критики, критики и само критики од сите страни. Оваа критика е многу реална и со факт ја уништува приватната фудбалска забава на елитата.
Ако пред 30 години беа само мировници, за подоцна да се зафатат со контра-тероризам дома и во странство, францускиот генералаштаб ја гледа својата армија спремна за 10 години во секој момент да вади дивизии од по 25.000 луѓе и да се тепа држава на држава. Непријателот засега е анонимен но погледите одат кон Русија, Турција или северна Африка.
Еден од 12-те клубови кои решија да се одметнат и да прават своја богата Суперлига, лондонски Тотенхем претпладнево решил да му врачи отказ на Жозе Мурињо, наводно поради тоа што им се спротивставил.
Во многу европски и светски лиги има разни признанија: за најубав гол, за најферплеј потег, за најдобар стрелец, за најубава одбрана итн. Германците отидоа подалеку па имаат и забавна традиција: секој месец телевизиската емисија „Прекрасниот свет на фудбалот“ доделува награда за најлош гол на месецот - Kacktor des Monats.
На 12 април почна Рамадан - деветтиот месец во муслиманскиот календар или месец на постот во исламот. Во рок од 30 дена верниците може да јадат и пијат по зајдисонце па сè до изгрејсонце.
Промотивниот период за отплата до 120 месеци продолжува до 15.06.2021 година, со што граѓаните добија дополнителна можност да ги искористат сите поволности на овој кредит и да го купат тоа што веќе го посакале и испланирале.
„Горан Пандев е светилник на својата земја Македонија. Никој не однел на Европско една таква стара нација која годинава слави 30 години независност. Голови, насмевки, радост, алтруизам, класа. На 37 години Пандев е сè ова. Но тој е гордост на уште еден стар народ, а тоа се Џеновезите“.