Секоја година во периодот на рамаданскиот пост гледаме и како тоа се одразува во спортот, посебно во фудбалот.
На еден меч во Турција меѓу Гиресунспор и Анкара Кечиоренгуџу, гостинските играчи искористија еден прекин поради повреден играч да пријдат на ифтар. Им се приклучи и еден противнички фудбалер
🕌 GZT Giresunspor - Ankara Keçiörengücü maçında yaşanan sakatlık ile ezan saati denk gelince, oyuncular maç sırasında oruçlarını açtı. #beINSPORTS pic.twitter.com/Fec6Q5ERKP
— beIN SPORTS Türkiye (@beINSPORTS_TR) April 13, 2021
Во слична ситуација пред неколку години се најдоа и фудбалерите на Ливерпул, Садио Мане и Мохамед Салах кои наводно го прекинале постот пред големото финале на Лига на шампиони против Реал Мадрид. Месут Озил еднаш изјавил дека како помлад додека играл за младинска репрезентација на Германија изгубил свест на терен поради гладување па затоа подоцна не постел. Мохамед Салах, ѕвездата на Ливерпул пред финалето на ЛШ 2018 не постел еден ден, а Франк Рибери рекол дека пости секој ден освен на денот на натпреварите.
Рамадан е приврзан со лунарниот календар па затоа не е фиксен и се поместува секоја општоприфатена календарска година. Како и во православниот христијански пост кој годинава почна од 15 март и ќе заврши на најголемиот христијански празник Велигден, така и во рамаданскиот пост има неколку причини поради кои постот би можел да се прекине или да не се држи: поради болест, кај бремени жени, кај изнемоштени и стари лица или поради тешка физичка работа.
Во исламот оние кои го пропуштиле рамаданскиот пост од која било причина, може да го компензираат и по завршување на Рамадан, во кое било време до почетокот на следниот месец на воздржување. Ако не може да компензира со пост, верникот според исламот треба да плати фидија (милосно искупување кога треба да се нахрани и помогне гладниот за секој пропуштен ден на задолжителниот пост).