Кои се најдобрите светски фудбалски школи? Бенфика е на врвот, Динамо во Топ10

Фудбалската опсерваторија (CIES) од Швајцарија веќе неколку години важи за мошне сериозна доверлива институција за бројни анализи на светските фудбалски текови. И редовно објавува нови занимливи податоци.

Epa images
Epa images
Photo: EPA Images

Денес Фудбалската опсерваторија објави статија за квалитетот на фудбалските школи ширум сетот.

Во предвид се земени неколк фактори меѓу кои: колку играчи поникнати од некои од фудбалските школи денес играат во најдобрите 49 првенства на светот, колкава минутажа имаат, секоја лига има свој индекс и бодување па не се третира секое првенство нормално еднакво.

На крајот се добива просечна оценка според која се прават рангирања.

На прво место е Бенфика чии деца поникнати од нивната фудбалска школа играат по најдобрите првенства во светот и тоа со сосема добра минутажа. Следат Барселона, Ривер Плејт, Ајакс, Бока Јуниорс, Спортинг Лисабон, Динамо Загреб како најдобро рангиран од регионов, а во првите 10 се уште и уругвајски Дефензор, Реал Мадрид и Велез Сарсфилд.

Што се однесува до останатите клубови од регионот, Црвена Звезда е на 11-то место со индекс 73,3, а Партизан кој на времето беше прв или втор заедно со Ајакс, сега е на 20-та позиција со индекс 63,9.

22 октомври 2025 - 13:39