Јубилејниот гол на Пандев е посветен на син му Филипо

Кога во 21-та минута удри втор пат по Беневенто за конечни 2:2 и стигна до бројка од 100 гола во Серија А, Горан се доближи до камерата и кажа нешто. Тоа било поздрав до син му на кој му го честита 11-от роденденот со гол.

Освен за Скајспорт, кусо интервју по мечот Пандев имаше и за официјалниот канал на Џенова од каде доби прашање во врска со голот.

Два гола и јубилеј од 100-ка, уште еден рекорд од многуте кои ги достигна. Како се чувстуваш?

- Сигурно дека за мене ова е многу важно достигнување, но на крај не излезе како што треба, бидејќи најважно беше да го добиеме мечот. Головите не ми се важни толку, колку што ми е се важни тимот и победата. Жал ми е што не успеавме да победиме.

По славењето на голот, видовме една посебна посвета. За кого беше?

- Тоа беше за мојот син на кој денеска му е роденден, полни 11 години. Побара да дадам еден гол за него, а јас постигнав два и излезе уште подобро.

Претходно со твоите голови ја спаси Џенова. Сега што недостасува за опстанок?

- Треба да останеме мирни и да вложиме труд. Во сабота не чека многу важен меч, бидејќи ако го добиеме мислам дека ќе се спасиме.

Секогаш добро ги третираше сите твои поранешни клубови. Да потсетиме почна во Специја.

- Да, играв една година во Специја во Серија Ц. Бев млад и сигурно дека тоа беше една важна етапа за мене.

Интервјуто

„Ти си мојата најголема среќа во животот. Времето лета. 11 прекрасни години заедно со срце. Колку само убави моменти ми подари. Се надевам дека сум добар татко и пријател за тебе. Среќен роденден, со целата љубов на овој свет“, напиша Горан за Филипо.

На Инстаграм му честитаа Рики и Нестор, а од страната 1893genoacfc која ја водат навивачи на Џенова му напишаа дека не е лошо да му посвети еден гол.

Головите и посветата

22 април 2021 - 13:52