Еден од најубавите стадиони во Европа остана без Европско, УЕФА им зема домаќинство

Додека УЕФА водеше битка со некаква Суперлига, во сенка остана еден друг важен момент. До денешен ден уште не е јасно кој град ќе ја задржи организацијата на Европско првенство летово.

Под надзор од УЕФА беа 3 од 12 градови-домаќини: Даблин, Билбао и Минхен затоа што нивните држави сè уште не можеа да гарантираат исполнување на барањето на УЕФА да има гледачи и тоа најмалку 25% од вкупниот капацитет на стадионите.

Сите градови домаќини на Европското требаа до петок 23 април да дадат конечен одговор дали ќе можат да дозволат влез на гледачи на стадионите.

Билбао потврди дека е спремен да пушти до 25% од вкупниот капацитет на „Сан Мамеш“ (53.000 гледачи), но потоа Шпанската фудбалска репрезентација соопшти дека епидемиолошките барања од владата на Земјата на Баските не се исполнети во целост на време и дека натпреварите ќе мора да се префрлат на друга локација.

Даблин веднаш соопшти дека поради ставот на властите не може да гарантира влез на навивачи на стадион а тамошната јавност смета дека ситуација би била подруга ако Ирска играше на Европско.

Минхен исто бил под голем знак на прашање поради епидемиолошката состојба во земјата (околу 30.000 заразени во последниот бран). Германската фудбалска федерација се надева дека ситуацијата ќе се подобри до јуни и одобрила план според кој на трибините ќе пуштат најмалку 14.500 навивачи.

ШТО И КАДЕ Е ПРЕНЕСЕНО?

На велелепниот нов стадион во Билбао требаше да се играат 4 натпревари (3 од групна фаза и еден од 1/8 финале) од групата во која е и Шпанија.

На крајот Шпанската фудбалска федерација решила да го смени Билбао за Севиља па 4 меча ќе се играат на „Олимпискиот стадион“ во Андалузија каде во последно време после речиси две децении почна да се игра фудбал (Шпанија таму играше квалификации против Германија, а неодамна играа финале на Копа дел Реј Реал Сосиедад - Атлетик Билбао и Барселона - Атлетик Билбао).

Олимпискиот стадион во Севиља, попознат како „Ла Картуха“ е поголем од Сан Мамеш во Билбао (60.000 на 53.000 седишта). Властите во Андалузија ветиле дека ќе дозволат најмалку 30% од вкупниот капацитет или околу 20.000 гледачи.

Натпреварите кои требаше да се играат во Даблин, меѓу себе ги поделија Санкт Петербург и Лондон. Рускиот град ќе биде домаќин на 3 меча од група Е (Шведска, Полска и Словачка), а на „Вембли“ во Лондон ќе се игра групна фаза плус натпревари од 1/8 финале (ако таму се пласира Англија). Полуфиналето и финалето се закажани за „Вембли“ кој ќе пречека дури 7 натпревари од Евро2020.

23 април 2021 - 15:13