Победа на Македонија против Финска за шесто учество во низа на ЕП

И покрај фаворитската улога, македонската ракометна репрезентација со многу тешкотии го доби гостувањето против Финска и со тоа го завери учеството на ЕП 2022.

Македонија славеше против Финска со резултат 22:27 во натпревар кој излезе многу потежок од очекувањата против аутсајдер кој влезе многу помотивиран.

Селектор Кире Лазаров реши на стартот да им даде шанса на помладите, па се одлучи за бековска линија составена од Ѓоргиев – Талески – Велковски, Пешевски беше пивот, Томовски на голот, а по крила стандардните Манасков и Георгиевски.

Македонската репрезентација тргна многу неорганизирано и во одбрана и во напад. Беа безидејни и шутираа од неизградени позиции. а тоа Финците го искористија и држеа минимална предност.

Лазаров на средина од првиот дел го побара првиот тајм аут со цел да смени нешто и да ја прекине бледата игра. Првата промена ја направи со четири измени во однос на стартната постава.

Селекторот влезе во игра заедно со Миркуловски, Кузмановски и Стоилов, но и во таков состав не одеше ништо. Финска заслужено имаше +2 на полувреме, а го имаше и извонредниот Патрик Розландер кој само во првите 30 минути имаше фантастични 12 интервенции.

Македонија тешко влегуваше во ритам, а се мачеше и од седум метри каде имаше многу слаба реализација од 50%. Само 6 погодени пенали од 12 обиди.

Домаќините имаа највисоки +3 на овој натпревар, но во вториот дел ги имаа најлошите 9 минути без постигнат гол. Тоа беше шанса која нашите ракометарите ја искористија и стекнаа водство од 4 гола предност, клучни на мечот.

Кире Лазаров и Филип Кузмановски беа најефикасни кај Македонија со по 5 гола, 4 постигна Гоце Георгиевски, а по 2 имаа Талески и Стоилов. Томовски го заврши мечот со 7 гола, а Митревски со 4, но играч на мечот беше извонредниот Розландер со вкупно 20 одбрани.

Последниот квалификациски меч, Македонија го игра дома против Швајцарија во недела со почеток од 18 часот.

28 април 2021 - 18:29