На натпревар од полуфиналето на Купот на Украина меѓу Минаи и Динамо Киев била извадена шокантна парола во која се бара правда за полицаецот што го уби Џорџ Флојд во Америка.
Еден од основачите на фудбалскиот клуб Барселона и нејзин долгогодишен претседател, Жоан Гампер среде пандемија со шпанска грозница кога луѓе умирале, основал комисија и тврдел дека активности на воздух се најдобри во справување со страшниот вирус.
Две-три сингл девојки споделуваат како се снаоѓаат во карантин, без партнер, додека околу нив цвета љубов, оперирана од осет и преплетена со глупи идеи. Заклучок: Луѓето се неподносливи.
Кога дошол во Милано во 1999-та, сè уште не бил свесен за тоа дека Италијанците најголемо внимание обрнуваат на модните трендови и дека тоа им е во крвта.
Фудбал нема повеќе од еден месец (освен во Белорусија и Таџикистан) и сега сфаќаме колку важен дел од животот пред коронавирусот беа директните преноси од натпреварите.
Селски доктор на Јутјуб објавува комбинација со која ги третира своите пациенти со симптоми на ковид-19. Оттука, приказната свртува цел круг. Без никаква поткрепа од науката, трамписти го дочекуваат тоа како пресвртен момент во пандемијата а овие другиве што се демек либерали ги ругаат првине како небањати и глупи. А има и капак на сето тоа.
Хрватски бизнисмен изнајмува авион во Лондон и со уште други 9 души слетуваат на аеродромот во Марсеј каде ги чекаат хеликоптери за да ги однесат директ до приватната вила што ја изнајмиле. Сосе хеликоптерите ги дочекала и тамошната полиција.
Велика Британија набргу ќе остане без овошје и зеленчук ако итно не организира чартер летови за носење аргати од источна Европа. Тоа не се сити Раша тудеј туку известува Гардијан.
Музејот Гети од Лос Анѓелес во моментов е затворен за јавноста. Но тој почна онлајн кампања за рекреирање на дела со луѓе, животни и предмети што ги имате низ дома.
Одложувањето на Евро 2020 за следното лето е историски настан, преседан. Овој турнир никогаш во историјата не се преместил а првпат се случува поради вирус да се премести еден голем фудбалски настан.
Кристијано Роналдо го потврди својот голем интерес за општеството и одлучи да го конвертира ланецот на хотели во Португалија во болници со цел да помогне во борбата против ширење на коронавирусот, пишува Marca.
И покрај тоа што во Србија до денес на пладне се регистрирани 31 случаи позитивни на Ковид-19, српската влада долго време беше на ставот да нема публика само во затворени места (сали), а попладнево одлучи да се игра и фудбал без гледачи.
Заразени се по еден кошаркар на Јута и Реал Мадрид, и по еден фудбалер на Јувентус и Сампдорија. Фудбалот го стопираа и во Шпанија, а кошарката во НБА и Евролига. Кај нас од денеска прекинуваат фудбалските и кошаркарски првенства. УЕФА конечно гукна и најави одлука за ЕП 2020.
Кога во јули 2014 авионот од летот МХ17 полн со холандски патници е соборен над Украина, холандската армија веднаш става 1.000 специјалци на низок старт да тргнат за Украина за да го обезбедат местото на кое се наоѓаат остатоците од малезискиот патнички авион.
Со ждрепката во вторник од 18 часот во Амстердам, почнува новото издание на Лига на нации (Nations League), второ по ред. Се зголемува бројот на натпревари, се менува форматот на лигите и групите.
И онака летно време тревата во Скопје и другите градови главно бива спржена ако обилно не се топи во вода. А цвеќево издржливо. И така, ете нè нас еден ден, си газиме по росни ливади во своите родни родни градови и си се понашаме ко да сме нормални.
Одговорот е едноставен и ненадјебив: силна економија. Кога нa економијата ѝ оди добро, просечен гласач не сака многу да експериментира. Раштиманите Демократи ќе мора да смислат некое друго алиби освен Руси и велешани.
Иако мнозинството Американци сметаат дека Трамп има дела за кои може да биде отповикан, тоа мнозинство се топи кога прашањето е дали тој треба да биде отповикан.
Како ретко кога во изминатите 15-ина години, македонските ракометари нè оставија без подолго уживање во нивните настапи. Испаднаа рано, ги елиминираа, а нам ни остана да се сеќаваме само на голот на Лазаров против Украина.
Ни жар како порано, ни борбеност, ни идеи во напад, ни вкрстувања, ни цепелини како што знаеа, ни одбрана освен со Чешка во прво. Ништо, ама баш ништо не видовме од онаа квалитетна, ценета и добро позната Македонија која редовно остава белег на големите натпреварувања. А па Брестовац?
Есапот за денеска е јасен, само нели нашите не треба да го заебат. Со победа против домаќинот Австрија од два гола разлика одиме во следна фаза, без разлика од исходот на Чесите против Украина кои играат после нас од 20:30.