Зад идејата стои една фирма стационирана на работ на Варшава а зад фирмата е извесен Карол Подима кој нашол начин да ги спои бизнис интересите со неговата еко-кауза.
„Мојот бизнис првенствено и над сè е страста. Дете сум на ботаничари, по природа сум активист и сакам да работам на чување на биодиверзитетот и полската природа,“ вели Подима.
За дивите цвеќиња го заинтересирал татко му, почнал како фондација со образовни цели но попат успеал да најде начин да ја монетизира идејата продавајќи еколошки култивирани семиња и лукавици спремни за садење.
Лани продал семенски материјал со кој може да се покријат еден милиони квадратни метри. Најмногу го има во Варшава и Катовице но се заинтересирале и структури во Русија, Белорусија и Украина.
Предноста на ваквото цвеќе во однос на тревата е повеќекратна. Клучната поента е што ливадските растенија може и да се запуштат и пак да изгледаат убаво, за разлика од тревата која мора редовно да биде косена а тоа значи трошење гориво и многу вода за да се одржи зелена. Подима вели дека во еколошка смисла, градската трева може да се спореди со бетон.
Патем, ливадските култури се драгоцени и за зачувување на пчелните култури во урбаните места а се ефикасни и за впивање на градскиот смог како и за економично користење на водата.