Ширењето на Коронавирусот кој е застапен во 126 земји, од ден на ден се повеќе влијае и на сите спортски полиња. За сега се носат мерки националните првенства да се откажуваат, а други да се играат зад затворени врати, но сите чекаат да се изјасни УЕФА околу меѓународните натпреварувања.
Со оглед на тоа што во прашање се завршниците во Лига на шампиони, Лига Европа и Лига на нации, а на 12 јуни стартува Европското првенство закажано за 12 јуни, Европската куќа на фудбалот повеќе не можеше да молчи и мораше да се изјасни. Конечно пуштија соопштение во кое стои дека ќе се дискутира на 17 март.
Им текна и добра идеја. Сите инволвирани нема да патуваат во Нион (паметно), туку ќе се вклучат на видео конференција.
„Во контекст на случувањата на ширењето на КОВИД – 19 низ цела Европа, како и анализата на Светската здравствена организација која постојано се менува, УЕФА денеска покани претставници од 55-те земји членки, заедно со одборите на Европската клупска асоцијација, Европските лиги и претставник на ФИФПро, да присуствуваат на состаноците преку видео конференција во вторник на 17 март, за да разговараат за европскиот фудбал. Дискусии ќе се водат за сите домашни и европски натпреварувања, вклучително и ЕП 2020“.
И додека да дојде 17-ти, во Европа и светот секојдневно стопираат првенства или ги продолжуваат без публика (за сега). Само денеска паднаа овие одлучи:
СТОП ЗА НБА: Кошаркарот на Јута и француската репрезентација Руди Гобер е заразен од корона.
СТОП ЗА ЕВРОЛИГА: Треј Томпкинс од Реал Мадрид е заразен од Корона. Кралскиот клуб пушти соопштение дека и кошаркарскиот и фудбалскиот клуб одат во карантин.
СТОП ЗА ЛА ЛИГА: По италијанското, викендов нема да има фудбал ниту во шпанското првенство, а за евентуално продолжување на сезоната ќе се изјаснат дополнително.
СТОП ЗА МАК ФУДБАЛОТ: Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за прекин на неодредено време на прва, втора, трета лига како и натпреварите од женскиот шампионат и првенството во футсал. Одлуката ја донесоа по последните препораки и забрани од Министерството за здравствоза превенција од вирусот COVID - 19, кои опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници - концерти, театри, кина, спортски сали, теретани.
СТОП ЗА МАК КОШАРКАТА: Сите натпревари во организација на Кошаркарската федерација на Македонија од денеска се одложуваат на неодреден временски период.
Од останатите денешни соопштенија, Белгија, Украина и Индија одлучија фудбалот да продолжи без публика.
Инаку според пишувањата на Л'Екип, Европското ќе се помести за 2021.
Secondo @lequipe, l’Europeo sarà spostato al 2021. La Champions e l’Europa League, che saranno sospese, potranno così andare fino in fondo. I campionati nazionali saranno anche loro tutti sospesi.
— GuillaumeMP (@Guillaumemp) March 12, 2020