Роналдо ги приспособува своите хотели за болници

Кристијано Роналдо го потврди својот голем интерес за општеството и одлучи да го конвертира ланецот на хотели во Португалија во болници со цел да помогне во борбата против ширење на коронавирусот, пишува Marca.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња соопштил дека самостојно ќе ги плаќа докторите и другиот медицински персонал кој ќе работи во тие импровизирани болници.

Откако епидемијата зема сериозен замав на глобално ниво, а од Јувентус официјално потврдија за прв позитивен случај (стоперот Даниеле Ругани), Кристијано Роналдо кој во тој момент беше во својата татковина, реши да остане таму додека нема некаков развој на целата ситуација.

Во петокот тој на своите социјални мрежи на кои има најголем број следбеници на глобално ниво, побара од сите да внимаваат и да ги следат препораките со цел да се излезе од кризата која го зафати целиот свет.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Во меѓувреме, огромен број спортски настани, речиси сите на глобално ниво се одложени. Фудбал викендов се играше во: Русија, Турција, Србија, Унгарија и Украина. Суспендирани се на неопределено време сите натпревари во сите спортови.

Како изгледаат хотелите во сопственот на Кристијано Роналдо

15 март 2020 - 10:53