Фудбалот се враќа после двомесечна пауза: во Германија, Украина, Јужна Кореа, Португалија, Белорусија, Србија, Хрватска и Шпанија веќе се игра, се чекаат уште Англија и Италија.
Времето без спорт помина во строг режим: клубовите помагаа на локалните жители, фудбалерите седеа дома, поединци го кршеа карантинтот, претседателите на клубовите се бореа со федерациите а некаде играа и со публика на стадиони.
КАКО ФУДБАЛОТ СЕ СПРАВУВАШЕ СО ПРЕТХОДНИ ПАНДЕМИИ?
Познато е дека трибините биле затворени уште во ФА Купот во 1898-ма година. Мидлзборо страдал од епидемија на сипаници, а од оваа болест умрел клупскиот лекар.
Натпреварите се играле тајно: за местото на одигрување, на фудбалерите им кажувале во последен момент зошто властите се плашеле дека може да има наплив на навивачи.
Во октомври, пак, 1918-та во Барселона умреле 6.200 луѓе. Но Жоан Гампер сакал да го освои првенството на Каталонија, па основал комисија за да докажат дека фудбалот е безопасен.
ВО АФРИКА ФУДБАЛЕРИТЕ ГИ УБЕДУВАЛЕ ЛУЃЕТО ДА СЕДАТ ВО КАРАНТИН И ТИЕ СЛУШАЛЕ
Кога во 2014-та Либерија се соочи со Ебола, фудбалот помогнал да не се случи поголема катастрофа. Во земјата во која претседател стана најпознатиот фудбалер од оваа држава Жорж Веа, населението играло само фудбал.
„Така беше секогаш. Во средината на '90-те кога Либерија се пласираше на Купот на Африка, а Жорж Веа прејде во Милан, фудбалот често беше повод за прекин големи конфликти. Кога играше репрезентацијата, пред секој меч имаше прекин на огнот а разни етнички групи заедно гледаа фудбал. Во тие моменти бевме единствен народ“, се сеќава Нуси Купера, поранешен фудбалер и основач на клубот Милениум Старс.
Нуси и неговите пријатели го основале клубот во 1997-ма година - тоа е аматерски клуб со локални млади играчи кои тренираат и одат на турнеи. Во фудбалот наоаѓале спас од тешкиот живот.
„Игравме и под куршуми, но во 2014-та се се измени. Еднаш на улица видов деца како играат фудбал. Не ги познавав, но отидов кај нив и пробав да им објаснам: 'Дечки, вие не треба да играте заедно. Не знаете кој од вас е заразен, а фудбалот е контактен вид на спорт. Вие може да заразите уште 21 човек и да не приметите, а тие имаат семејства и пријатели“, се сеќава Нуси на избивањето на Ебола.
За две години во Либерија од овој вирус починале повеќе од 5.000 луѓе (највисока стапка на смртност од Ебола во светот).
Првиот случај бил регистриран во март 2014-та, а на 6 август земјата била во тешка состојба: секоја недела властите соопштувале за нови 300-400 заразени. Но фудбалот бил прекинат уште на 29 јули кога репрезнетацијата играла дома после една година.
Нуси Купер со другарите оделе по реоните на Монровија и лично им соопштувале на родителите да не ги носат децата на тренинг за да нема зарази. Наместо државата, тие оделе од врата на врата и го информирале населението.
„Бевме авторитет и нè слушаа. За нив ние бевме познати лица. Им викав: 'Гледајте ме мене, јас не играм фудбал од страв од вирусот и тука веќе сфаќаа. Го ценеа нашето мислење а не на државата“, вели Купер.
Најлошо од сите поминал Вест Поинт, приградско гето до главниот град. Во 2014-та година таму почнала Ебоал, а СЗО на 9 јуни 2016-та година објави дека вирусот Ебола е завршен во Либерија.
Во март годинава им стигнал КОВИД-19 но Купер и неговите пријатели велат дека земјата е спремна. Тимот Милениум Старс моментално ги прекинал тренинзите и тргнале да помагаат и споделуваат информации.
„Веќе имавме искуство, сега знаеме што да правиме“, додава резонира Купер.
ПОРАДИ ШПАНСКА ГРОЗНИЦА СЕ ОТКАЖАЛО ЕЛ КЛАСИКО А ПРЕТСЕДАЛОТ НА БАРСА БАРАЛ ДА СЕ ИГРА ВО СРЕД ПИК
Од N1H1 (тн. шпански грип) во светот умреле помеѓу 20 и 50 милиони луѓе, а заболена била третина од целата светска популација. Највисока смртност во Западна Европа во 1918-та година регистрирале во Шпанија - 710 луѓе на секои 100.000. Заболел и кралот Алфондо XIII.
Земјата која што не учествувала во Првата Светска војна, отворено објавила дека има епидемија од вирусот и од тогаш овој вирус е наречен Шпански грип, а инаку не потекнува од таму, туку од фронтовите каде се заразиле многу други војници.
Во пролетта 1918-та (кога заболел и кралот) прекинал првиот бран на пандемијата. Но есента „шпанскиот вирус“ мутирал и се вратил со голема вирулентност.
Фудбалското првенство на Шпанија првпат се играло во 1928-ма година. Дотогаш единствен официјален турнир бил Купот на Кралот. Во 1918-та година во Копа дел Реј играле 6 екипи: Мадрид (тогаш уште не бил Реал, немал кралски статус), Унион, Рекреативо, Спортинг Хихон, Фортуна и Еспањол. Сите натпревари требале да се одржат за 1 месец.
Единствена можност екипите да играат почесто биле пријателските. Во средината на мај таа 1918-та Барселона договорила три меча со Мадрид: два во престолнината и еден во Каталонија. Заедно со тимот во Мадрид дошол и основачот на Барселона и легендарниот претседател Жоан Гампер. На 17 мај Каталонците со 2:1 го добиле првиот меч, а вториот бил закажан за 19 мај.
На денот на мечот Гампер сабајлето лично отишол во канцелариите на Мадрид за да им врачи медицинска опрема. 8 играчи на Барселона биле заболени од некаков грип и ги болеле „градните клетки“.
Тогаш мадридскиот весник ABC соопштил дека домаќините проверувал дали гостите навистина се болни. Мечот бил откажан, Мадрид нашол друг противник за пријателска на истиот ден, а Гампер се вратил во Барселона со пола заработени пари.
Веќе во октомври 1918-та година Шпанската фудбалска федерација ги прекинала сите натпревари, но во Каталонија се оглушиле од оваа наредба и го стартувале 15-то првенство на Каталонија.
На 17 октомври во Барселона биле регистрирани 207 смртни случаи: од грип умреле 36 луѓе, од пневмонија и бронхопневмонија уште 10. Следниот ден бројот на смртни случаи пораснал до 289 луѓе.
Градоначалникот на Барселона на барање на Советот за здравство ги прекинал сите собори и фудбалски натпревари, затворил театри, кина и други објекти.
Тоа не му се допаднало на Гампер зошто победникот на првенството Каталонија одел во кралскиот куп следната сезона. Претседателот основал комисија во чиј состав бил и тој и неколку фудбалери на Барсеона.
Комисијата уверувала дека може да се игра фудбал и дека ако може да трчаат атлетичари и да се игра тенис, тогаш може и фудбал. Сметале дека активности на свеж воздух се најдобар лек во борба против „шпански грип“ (колку е познато ова денес, а?).
Управата на градот ги прифатила тие аргументи и не барала никакви потврди. Првенството на Каталонија продолжило да се игра. Не е познато дали се заразил некој фудбалер на Барселона, но во октомври 1918-та во градот умреле 6.200 луѓе иако обично бројката по градови не поминувала повеќе од 1.000 смртни исходи.
И покрај апсурдноста на тврдењата на Жоан Гампер, сепак неговата логика се испоставила како исправна дури во 2009-та година кога докторите на науки Ричард Хобдеј и Џон Кејсон го објавиле научниот труд „Лечење на пандемиски грип со активности на свеж воздух“.
Во анализата земале примери од болницата во Бостон: таму заразата се смалила откако вклучиле процедура на лекување на отворен воздух. Иако освен свеж воздух, во болницата се водела и строга хигиена.